29 Септември, 2024
0.0356

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Струјата ќе поскапи за 9,48 отсто, а за граѓаните со ниски приходи ќе има помош

Објавено во: Македонија 30 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

ОД ЈАНУАРИ СТРУЈАТА ЌЕ ПОСКАПЕ ЗА 9.48 ОТСТО

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски денеска соопшти дека струјата поскапува за 9,48 отсто. 

Вели дека станува збор за една од нajтешките одлуки што ја донесла РКЕ од своето постоење.

„Реалното зголемување, како што кажав, ќе беше многу повеќе, но успеавме да скратиме многу трошоци и дополнително Владата презема обврска да им помогне на државните компании во наредниот период“, изјави Бислимовски.

Бислимовски кажа дека доколку не се тргнела дневната евтина тарифа од 14-16 часот, цената на струјата ќе се зголемеше за 14,23 отсто.

ПОМОШ ЌЕ ИМА ЗА ГРАЃАНИТЕ СО НИСКИ ПРИХОДИ

Mинистерот за економија, Крешник Бектеши денеска на прес - конференција изјави дека ќе обезбедат помош за плаќање на сметките за електрична енергија на лица чии месечни примања не го надминуваат нето приходот и тоа за самец до мималец, за 2 члена до 18.000, до 3 члена до 21.000 и за 4 члена до 25.000 денари и за 5 члена и повеќе до 30.000 денари. Ова не се однесува за лица кои веќе примаат помош. 

Помошта ќе биде во износ од 600 до 800 денари месечно. На располагање се 60 милиони денари, кои се наменети за оваа категорија на граѓани. 

„Се проценува дека над 7.500 домаќинства ќе го остварат правото на финансиска поддршка“, вели Бектеши. 

Кажа дека имаат обезбедени доволни количини јаглен за ТЕЦ Осмолеј и РЕК Битола. Рестрикции на струја нема да има во земјава. 

ИМА 373 НОВИ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 5.489 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 196, Битола – 36, Охрид – 20, Кавадарци – 18, Прилеп – 17, Струмица и Гевгелија – по 11, Велес – 9, Крива Паланка – 7, Куманово и Штип – по 6, Кичево, Неготино, Ресен, Валандово и Македонски Брод – по 4, Тетово, Кочани и Делчево – по 3, Радовиш – 2, Струга, Богданци, Демир Хисар, Демир Капија и Дојран – по 1.

ДИРЕКТОРОТ НА МКЦ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

Директорот на Младинскиот културен центар, Русе Арсов денеска соопшти дека се повлекува од функцијата вршител на должност-директор на Јавната установа Младински културен центар.

Во подолго соопштение до јавноста информира дека се одлучил на ваков чекор од здравствени причини, но го споменува и новогодишниот настап на Дино Мерлин 2020 година, откако вчера Антикорупциската комисија објави дека отвора предмет бидејќи МКЦ со организирање на прославата на плоштадот во Скопје, го прекршил Законот за јавни набавки.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Марко Ѓоргиевски дојде на местото директор на Националната агенција за европски образовни програми откако за неговата претходничка Лидија Димова предмет отвори и Јавното обвинителство, а таа беше разрешена од функцијата. Агенцијата и претходно ја следеа некои „скандали“. Во интервјуто за Фактор зборува за сите детали, контролата, како се трошат парите.

Во минатото во различни делови од Македонија различно се славела Новата година. Битолскиот хроничар проф. Александар Стерјовски  објаснува дека со текот на годините имало промени во начинот на кој се славела Новата година. Вели дека во битолскиот крај порано повеќе се придавало значење на славењето на Стара Нова година.

Родители од повеќе основни училишта во Скопје инсистираат учениците во второто полугодие да престанат да ги носта маските за заштита против корона вируспт. Велат дека им создаваат многу повеќе проблеми и дека минимален број на деца досега биле заразени со ковид и тоа не во училиштето, туку дома. Сметаат дека има други начини како да се заштитат учениците од корона вирусот.

Билал Суџубаши, главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје, за годинава што е пред нас очекува дека економијата ќе продолжи да закрепнува, банкарскиот сектор ќе остане стабилен, а Халкбанк ќе продолжи да расте. Во 2022 година банката влегува и со поамбициозна агенда, и ќе има висок приоритет за стабилен раст и одржлив профит и ќе се стреми да биде прв избор на секој клиент...

„Макпетрол“ ги обезбедил потребните колични гас од „Гаспром“ за сите свои потрошувачи, компании кои со години ги снабдува со енергенсот, велат од „Макпетрол“ за Фактор. 

УНИБанка е прва банка на македонскиот пазар која ја воведе услугата увоз и тргување со инвестицискo злато, што вклучува тргување со златни плочки и монети со највисока чистота, креирајќи уште еден нов епитет кој покрај веќе постојните ќе ја направи препознатлива со епитетот * the bank of gold*, вели во интервју за Фактор, Ѕвонко Станковски, директор на Дирекција за трезор во Уни Банка. 

Се прават сите напори за скопјани да не смрзнат од стартот на идната година, какви што се појавија информации во јавноста, со оглед на тоа што се уште не е потврдено дека е обезбедена количина на гас потребна за загревање на домовите од следната година. 

И покрај забрзаната вакцинација и предвидувањата дека со тој процес економиите ќе доживеат побрзо заздравување, се чини очекувањата не се исполнуваат со предвиденото темпо. Во Македонија, за следната година се очекува умерен раст кој ќе е условен најмногу од здравствениот предизвик, но и фискалните стимулации на кои се надева реалниот сектор, вели Сашо Наумоски, генерален директор на Витаминка прашан за очекувањата од следната 2022 година.

Владата се уште води преговори за цената по која земјава ќе се снабдува со гас, и веќе  деновиве ќе се знае по која тарифа ќе успее да го набави овој енергенс за следниот период.

Владата на 24 декември ја објави во Службен весник уредбата со која на административците финансирани од буџетот може да им се зголемат платите за дополнителни 30 отсто преку додаток. Во оваа уредба јасно е наведено кога започнува да се применува, а тоа е од 1 јануари 2022, односно од сабота. 

Во близина на „Вардар Градско“ во тек е изградба на постројки на централа за електрична енергија од биомаса. Вносен бизнис за кој има гарантирана цена за откуп на струја во период од најмалку 15 години по цена од 180 евра за мегаватчас. Достапни информации говорат дека сопственик на новата централа за проиводство на струја е токму земјоделскиот комбинат „Вардар“. Проектот е вреден 14 милиони евра

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство