ФАКТОР НА ДЕНОТ: Струјата поскапува, а денес имаме рекорден број на оздравени од коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 31 Јули, 2020
СТРУЈАТА ПОСКАПУВА
Цената на електричната енергија на сметките на домаќинствата ќе се зголеми за 7,42 проценти од септември годинава, потврди претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски откако ја донеле конечната одлука за поскапувањето.
Електричната енергија ќе чини околу 5,9 денари за еден киловат скапа тарифа и 2,9 денари за евтина тарифа.
Граѓаните и понатаму ќе имаат евтина тарифа која останува во пресметката во часовите како и досега.Бранимир Јовановиќ, екс советникот на поранешниот министер за финансии, Драган Тевдовски на Фејсбук го искоментира поскапувањето на струјата.
Тој направи споредба како другите земји се справиле со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.ДЕНЕС РЕКОРДЕН БРОЈ ОЗДРАВЕНИ ОД КОВИД - 19
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 534 оздравени пациенти.
Најголем дел од нив се од главниот град.
Во Скопје има 353 оздравени, Куманово-61, Дебар-17, Штип-27, Прилеп-5, Тетово-17, Струга-4, Велес-4, Охрид-3, Гостивар-14, Струмица-4, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-8, Свети Николе-5, Кичево-7, Ресен-2.
Во денешните регистрирани оздравени лица најголем број од оздравените се лица од изминатиот период пријавени збирно од локалните центри за јавно здравје кон ИЈЗ.ЌЕ ОДГОВАРААТ ГАЗДИТЕ КОИ ЗЕМАЛЕ СУБВЕНЦИИ, А НЕ ИСПЛАТИЛЕ ПЛАТИ
Премиерот Оливер Спасовски бара одговорност за непочитување на законските мерки, за фирмите кои добиле помош од државата, а не исплатиле плати на вработените.
Според него, ако сега нема санкции, вакви случаи може да се повторат.
„Јавната објава на списокот и знаењето на луѓето за тоа кои се тие компании кои не се солидарни и сакаат на друг начин да функционираат во овој момент е една работа, меѓутоа јас сум длабоко убеден дека за ваква состојба во која не се почитуваат пред се законските одредби мора да се сноси одговорност“, рече Спасовски во гостување во „Слободна ТВ“.
Тој смета дека доколку не се реагира во овој момент, тоа може да повлече вакви слични дејствија и во иднина од други.ГРЦИЈА НЕМА ДА ГИ ОТВОРИ ГРАНИЦИТЕ СО МАКЕДОНИЈА
Границите на Грција остануваат затворени за соседните земји до средината на август.
Прекинот на воздушните и морските поврзувања на Грција со Македонија, Албанија и Турција, како и одлуката што се однесува на копнените граници се продолжуваат до 15-ти август 2020 година.
Денеска истекуваше одлуката од 15-ти јули за привременото ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со Македонија, Албанија и Турција, која сега е на сила за уште 15 дена.СО ЛАЖНИ МЕЈЛОВИ ПОВИКУВАНИ ГРАЃАНИ ВО ПОЛИЦИЈА
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека до одредени граѓани и правни лица од страна на сторител кој лажно се претставува во име на МВР, односно во име на државниот секретар Магдалена Несторовска, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага за измама во банка. Од МВР апелираат до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами.
„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР презема мерки и активности за законско санкционирање на сторителот. Ги известуваме граѓаните дека Министерството за внатрешни работи не користи електронска пошта за испраќање на покани до граѓани во врска со спроведување на истраги, туку тие покани се испраќаат во хартиена форма, со соодветна процедура. Апелираме до граѓаните воопшто да не ги отварат овие електронски пораки, стои во соопштението од МВР.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Учениците ќе се вратат во училишните клупи на 1 септември, но со маски и ќе треба да прават редовна дезинфекција на рацете. Часовите ќе траат по 20 минути. Вака ќе се одвива наставата во новата учебна година поради пандемијата на коронавирусот.
Но, педијатрите велат дека ќе биде тешко децата на настава да седат под маски.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.