ФАКТОР НА ДЕНОТ: Судиите не избраа нов претседател на Уставен суд
Објавено во: Македонија 30 Мај, 2024 21:32
СУДИИТЕ НЕ ИЗБРАА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УСТАВЕН СУД
Уставните судии не избраа нов претседател.
Две судијки се во битката за претседател на Уставниот суд и наследник на Добрила Кацарска. Потребни се шест од деветте гласа на уставните судии. Четири обиди за избор беа неуспешни, а гласањето продолжува утре.
„Согласно Деловникот, постапката за избор се повторува се додека не се избере претседател на Уставен суд“, велат од судот.
Во трка за наследник на Добрила Кацарска и тригодишен мандат без право на реизбор, се Татјана Васиќ - Бозаџиева и Ана Павлова Данева.ОБЈАСНУВАЊЕ ОД КАБИНЕТОТ НА ГАШИ
Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши, реагираше по претставката на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ за заклетвата на албански јазик пред македонскиот јазик што ја положи новоизбраниот спикер.
Од Кабинетот на Гаши велат дека употребата на албанскиот јазик во службената комуникација е загарантирана со Уставот. Костадиновска Стојчевска рече дека лидерот на Алтернатива е пријавен во инспекциските служби на нејзиното министерство за заштита на Законот за употреба на македонскиот јазик.ИЛИР ДЕМИРИ БАРА ЗАМЕНА НА КОМПРЕСОРСКАТА СТАНИЦА
Министерот за здравство Илир Демири испрати ургентно барање до Владата итно да се замени компресорската станица и инсталацијата за гасови за хируршките сали на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Претходно беше објавено дека поради непозната лоша миризба што доаѓа од инсталацијата морало превентивно да се затворат хируршките сали. Демири пред два дена на прес-конференција рече дека компресорската станица е стара 30 години и дека мостри се испратени во Германија за да се испита од каде доаѓа таа миризба и дали е опасна.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




