05 Октомври, 2024
0.6721

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Талат Џафери ја презеде премиерската функција, вели немал комплекс со што ќе доаѓа на работа

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

ЏАФЕРИ ЈА ПРЕЗЕДЕ ПРЕМИЕРСКАТА ФУНКЦИЈА

Техничкиот премиер Талат Џафери рече дека не му претставува проблем со какво возило ќе оди на работа. 

„Јас немам комплекс со што доаѓам на работа, дали со „мерцедес“ или со приватно возило“, изјави премиерот на преодната Влада, Талат Џафери, кој денеска ја презеде функцијата од досегашниот премиер Димитар Ковачевски.

Тој дента кога беше избран во Собранието, пристигна во своето родно село Форино со службен „мерцедес“ и со полициско обезбедување.

ВРАБОТЕНИТЕ ОД ФЗО ЌЕ ШТРАЈКУВААТ АКО ИМ СЕ НАМАЛАТ ПЛАТИТЕ

Ќе запрат услугите од Фондот за здравствено осигурување ако Управниот одбор на седница донесе одлука за намалување на платите на вработените за 21 процент. Доколку се донесе ваква одлука, вработените, преку синдикалните претставници најавија дека ќе стапат во штрајк.

Со нивниот штрајк, на шалтерите ќе работи само по едно лице кое ќе прима само документација и ќе нема исплати на капитацијата за матичните лекари, за лековите за аптеки, за плати во јавно здравство, како и другите услуги, најави Бранко Аџигогов, претседател на Синдикалната организација на ФЗОМ.

СПАСОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА МВР ГО ЗАТЕКНАЛ КРИМИНАЛИЗИРАНО

Довчерашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на официјалниот фејсбук профил објави сублимат од се што досега сработил како министер.

„Мојот мандат во МВР беше период на интензивни промени, силни реформи и неуморна посветеност кон безбедноста на граѓаните.

МВР го засили својот капацитет за борба против криминалот, корупцијата и незаконитоста. Воведовме нови стандарди и опрема во полициското работење, што значително ја подобри ефикасноста и транспарентноста на оваа институција. Овие напори резултираа со повисок степен на безбедност и доверба од страна на јавноста.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Јавна тајна е дека речиси секој што покажува повисоки политички амбиции во Македонија, има големи шанси зад себе да има една или повеќе фирми, а таков во низата е новиот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски.

НЛБ Банка поставува стандарди во работењето во острата конкуренција на другите големи банки. 

Поранешниот долгогодишен директор и претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка, а своевремено Тутунска банка, Ѓорги Јанчевски, доби уште еден мандат како независен и неизвршен член на Одборот на директори на Триглав осигурување.

Висока инфлација, економска и енергетска криза. Во последните неколку години глобалните и локалните кризи предизвикаа големи потреси врз животниот стандард, обезвреднување на платите и заработеното.

Утре истекува рокот за пријавување за субвенции за весниците. Сите кои исполнуваат услови имаат само уште еден ден да ја докомплетираат докуметнацијата и да ја достават до Владата за да бидат вклучени во годинешниот пакет. 

Во последниот период болниците и амбулантите во Скопје се полни со пациенти кои се жалат на респираторни заболувања. 

Сѐ уште течат преговорите меѓу МТЕЛ и Неотел за преземање на македонскиот телекомуникациски оператор од страна на фирмата ќерка на српски Телеком.

фото МИА

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА ЕДНОГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ НА КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ: Одбивале да го хоспитализираат

ПОЧИНА ЕДНОГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ НА КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ: Одбивале да го хоспитализираат

Влатко Ѓорчев: Акциите ги купив за многу помала сума, нивната вредност во меѓувреме се зголеми

Влатко Ѓорчев: Акциите ги купив за многу помала сума, нивната вредност во меѓувреме се зголеми

12-ТИ ТРОФЕЈ ЗА КАРДИОЛОГОТ КЕДЕВ, ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ НАД 8.000 МЕТРИ: Се искачи и на кинескиот Шишапангма во Тибет

12-ТИ ТРОФЕЈ ЗА КАРДИОЛОГОТ КЕДЕВ, ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ НАД 8.000 МЕТРИ: Се искачи и на кинескиот Шишапангма во Тибет

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче