18 Декември, 2025
0.0459

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Талат го доби мандатот за техничка Влада, а Беким Незири е на слобода

Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2024 21:26

Добивај вести на Viber

ТАЛАТ ЏАФЕРИ ГО ДОБИ МАНДАТОТ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ПРЕОДНА ВЛАДА

Шефот на државата, Стево Пендаровски денеска му го врачи мандатот на Талат Џафери за состав на преодната Влада која ќе функционира до изборот на новата влада која ќе се формира по парламентарните избори во мај.

Пендаровски, врз основа на член 84 од Уставот, а во согласност со член 43 од Законот за Владата, денеска му го врачи мандатот на Талат Џафери.

„Врз основа на член 84, алинеа прва од Уставот на Република Северна Македонија, а во согласност со член 43 од Законот за Владата на Република Северна Македонија и предлогот на најголемата политичка партија што го формира владиното мнозинство, за мандатор за состав на преодната Влада за спроведување на избори на пратеници, го определувам господинот Талат Џафери“, изјави претседателот Пендаровски.

БЕКИМ НЕЗИРИ Е НА СЛОБОДА

Апелациониот суд му го укина куќниот притвор на претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири кој беше предводник на групата која предизвика упад во контролата на летање на М-НАВ.

Откако судија на претходна постапка не го прифати барањето на обвинителството за притвор, и добија домашен притвор, сега Апелација ја прифати неговата жалба и го пушти на слобода. На негова страна застанало и вишото обвинителство.

ЃОРЃЕ ДАВИД НЕ ЈА НАПУШТИЛ ДРЖАВАТА, УТРОВО СЕ ЈАВИЛ НА СУД

Основното јавно обвинителство Куманово ја известува јавноста дека мерките на претпазливост определени спрема странскиот државјанин кој учествуваше во тешката сообраќајна несреќа кај Табановце се уште се на сила. 

„Согласно информациите кои ги има обвинителството до овој момент, тој не ја напуштил државата и утрово се јавил во Судот како што му е определено. Резултатите од наредените вештачења неопходни за да се расчистат причините за сообраќајната несреќа се уште не се пристигнати до обвинителството“, велат од ОЈО.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во тек е испитна сесија на факултетите и период кога се запишува летниот семестар. Но, не сите подготвуваат испити или пак се спремаат да го слушаат наредниот студентски семестар. Воопшто не е занемарлив бројот на оние студенти кои се отпишуваат од некој од факултетите со намера да аплицираат на некој од странските универзитети. Ова за Фактор го потврдија и дел од службите за студентски прашања, пред се од техничките факултети.

Официјалните статистички податоци ја зацементираа тезата на енергетичарите кои тврдат дека фотоволтаиците се безвредни од аспект на електроенергетскиот систем. Корисни се само за ПР и дневна политика на државни функционери кои редовно се фотографираат на отварања на сончеви централи. 

Државна лотарија на Македонија формираше уште две заеднички компании за игри на среќа на пазарот на обложување. Првата е со српски „Моцарт“, најголемата компанија за игри на среќа во регионот, а втората со „Везув“ која со бремдот „Волкано Бет“ е најголемото друштво во оваа дејност во Црна Гора.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје