ФАКТОР НА ДЕНОТ: Teтовскиот анестезиолог доби 15 месеци затвор
Објавено во: Македонија 17 Мај, 2023
АНЕСТЕЗИОЛОГОТ ОД ТЕТОВО ДОБИ 15 МЕСЕЦИ ЗАТВОР
Анестезиологот Валтон Дервиши, кој споделуваше видеа од пациенти од Тетовската болница на „Тик Ток“, денеска во Основниот суд Тетово беше осуден на една година и три месеци казна затвор.
Дервиши беше обвинет за несовесно работење и неовластено снимање.На денешната судска седница имаше и сведоци, односно лекари и медицински персонал кои беа присутни кога анестезиологот од Гинеколошкото одделение на социјалната мрежа „Тик Ток“ во живо ги пренесуваше снимките од жените во болницата.КОВАЧЕВСКИ СО СПРОТИВЕН СТАВ ОД ЈОТОВА
Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, ги „запозна“ учесниците на тркалезната маса со систематското газење на правата на Бугарите во Македонија денеска на Самитот на Советот на Европа во Рејкјавик, Исланд.
Премиерот Димитар Ковачевски на генералната дебата „Обединети за Европа“ на 4.Самит на Советот на Европа реагираше дека Јотова настапува без никакви аргументи во својот говор.ПОПЛАВИ ВО БОСНА, ХРВАТСКА, ИТАЛИЈА
Големи поплави има во западна Босна, а стотици куќи се под вода, додека жителите се евакуирани.
Најлоша е состојбата на Бихаќка и Босанска Крупа, каде покрај зградите поплавени се и неколку патишта, а граѓаните се отсечени. Водите се излеаја во поголемиот дел на Босанска Крупа, како и во нејзиниот центар, каде се поплавени семејни куќи и објекти. Состојбата дополнително ја влошуваат подземните води.
На подрачјето на Бихаќ поплавени се 300 згради, изјави за Дневни аваз градоначалникот на тој град Елведин Седиќ. Вели дека Уна е излеана, а најавата за нови врнежи создава дополнителни грижи. На неколку места се градат насипи.
Во населбата Буковље во Велика Кладуша поради вода се отсечени неколку куќи. Поради големите врнежи, локалните спасувачки служби не можат да му помогнат на загрозеното население.
Поплави има и во Хрватска. Во Италија загинаа најмалку 6 луѓе во разорните поплави.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.