25 Ноември, 2024
0.0376

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Троцифрен број на заразени, анонимуси се заканија на извршителите

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 24 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

ОД КОРОНАВИРУСОТ ПОЧИНАА 6 ЛУЃЕ

Во последните 24 часа се регистрирани 129 нови случаи на ковид-19 во земјава. Во последното деноноќие починале шест лица. 

По градови најмногу новозаболени се во Скопје повторно каде се регистрирани 45 нви случаи. Следува Штип сдо 25 нови, Гостивар и Тетово по 9. Во Кманово има 7. Дебар 1, -Прилеп 4, Струга 5, Битола 6, Охрид 3, Кавадарци 1, Кочани 3, Демир Хисар 1, Делчево 1, Свети Николе 3, Кичево 6. 

Од починатите шест лица пет пациенти се од Скопје и еден од Струга.

Во последното деноноќие направени се 1.535 тестирања.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти. 

Досега во земјата се направени вкупно 92. 550 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

АНОНИМУСИ ИМ СЕ ЗАКАНИЈА НА ИЗВРШИТЕЛИТЕ

Македонската хакерска група „АнонОпсМКД“ се пофали на Твитер дека ги хакирале сајтовите на Министерството за здравство и на Министерството за образование.

Хакерите на Твитер упатија пораки до јавноста.

Министерството за здравство потврди дека е хакирана нивната веб-страница. Оттаму велат дека не функционираат ниту службените мејлови на вработените во институцијата.

Tие се пофалија дека нивна цел е како што велат Министерството за смрт. 

Хакерски напад имаше и на денот на изборите, кога падна страницата на ДИК. 

ТАЛАТ ЏАФЕРИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА

Талат Џафери, се уште актуелниот претседател на Собранието е примен на Инфективната клиника во Скопје, потврдуваа извори на Фактор. Според информациите тој има богат пневмоничен наод, симптоми за Ковид 19. 

По изборите Талат Џафери изјави дека ќе ја свика конститутивната седница на новиот парламентарен состав по Илинден и Курбан Бајрам, но откако ќе се тестира за присуство на коронавирусот.

НАПАДНАТ ЉУПЧО ЗЛАТЕВ, МИЈАЛКОВ НЕГИРА ВМЕШАНОСТ

Eкс директорот на УБК, Сашо Мијалков на фејсбук објави дека насилството врз новинари е неприфатливо и доколку имало таков случај го повикува МВР да го расчисти.

„Ниту некој од моето семејство, ниту некој од моето обезбедување кое е составено од професионалци не учествувал во никаков инцидент и сигурен сум дека тоа ќе се докаже откако ќе се расчистат сите детали. Тоа што во моментов се прави е реализација на уште една хајка против мене, преку медиумите под контрола на Христијан Мицкоски. Во изминативе две години Мицкоски нарачуваше десетици измислени и неточни текстови само за да ја покрие сопствената неспособност да ја води партијата и да понуди визија која што ќе ги привлече граѓаните“, напиша Мијалков.

Утрово беше нападнат новинарот Љупчо Златев. 

АПАСИЕВ ВЕЛИ ДЕКА ДОБИВАЛ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ

Првиот човек на Левица, Димитар Апасиев, во интервју за Само вистина на Канал 5 вечерва рече дека добивал закани по живот. 

Вели дека СДСМ прави обиди да „купи“ пет пратеници, што според него е недозволиво во систем кој е демократски. 

Рече дека еднаш додека бил ангажиран од СЈО добил закани по живот, а сега по втор пат добива закани. 

Ги обвини структурите на Стево Пендаровски и на Зоран Заев од ИЕ 3. 

„Најодговорно кажувам дека мене ми се закануваат и дека ова нема така да помине“; рече тој. 

Вели дека добил поддршка од една амбасада, и дека случајот го документира. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Хибридна војна, сајбер војна, сајбер заплашување. Термини кои сè почесто ги слушаме, но и сме сведоци на истите. Македонија на изборниот ден сведочеше за хакерски напад незапаметен во нашата историја. 

Колку македонски градови и нивни соседни рурални општини можат да се пофалат дека лани имале над 45 компании кои направиле профит еднаков на или поголем од 100.000 евра?

Пандемијата  на коронавирусот за македонските граѓани наметна и низа ограничувања за патување, па така македонските туристи сега можат да се упатат на море во Албанија или Турција.

Лидерите или се на одмор, или се подготвуваат за сведочење во судот во Хаг, но во јавноста не стивнува интересот за тоа кој ќе ја формира новата Влада. Ќе продолжи ли да функционира старо-новата коалиција, или, пак, можни се промени и изненадувања на политичката преговарачка сцена.

По 100, 200 или 300 денари помалку од првично впишаните имаат граѓаните на извештаите за скенираните сметки за претходното тримесечје односно за април, мај и јуни. 

Повеќемина се жалат на социјалните мрежи, дел од граѓаните се јавуваат - впрочем не им е јасно како наеднаш се случи промената.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик