06 Октомври, 2024
0.0376

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсен Палчо, се вештачат два пиштоли

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

ПАЛЧО Е УАПСЕН ВО ТУРЦИЈА

Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вечерва на прес - конференција изјави во Турција е уапсен Љупчо Палевски Палчо.

„Тоа беше и последната алка од последниот грозоморен чин за да кажеме дека сме завршиле се, да ги разобличиме овие монстурми од свирепото двојно убиство“, рече Спасовски. 

Кажа дека црвената потерница станала видлива во сите земји членки на Интерпол.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва на вонредната прес конференција рече дека обдукцијата ќе даде најточни одговори во однос на тоа која е причината за смртта на Вања, но потврди дека станува збор за прострелна рана, нагласувајќи дека се пронајдени два пиштоли кои се поврзуваат со злосторството.

На вечерашната прес конференција на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, тој соопшти дека осомничениот за убиството на Вања, откако стасал во турскиот град Баликесир, се обидел да замине за Истанбул.

УАПСЕН ВОЗАЧОТ КОЈ МУ ПОМОГНАЛ НА ПАЛЧО

Oсновното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен 48-часовен притвор против 46-годишен скопјанец под сомнение дека извршил - Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Основаното сомневање дека осомничениот го сторил кривичното дело произлегува од досега прибавените докази од Бирото за јавна безбедност, Сектор за меѓународна полициска соработка доставено до СВР Скопје во кое  е наведено дека лице осомничено дека сторило кривично дело, по кое сега е распишана меѓународна потерница, на 02.12.2023 година било регистрирано на граничните премини во Р.Бугарија и тоа со влез во Р.Бугарија на ГП Калотина и излез од Р.Бугарија на ГП Капитан Андреево (кон Р.Турција). И двете регистрации се со возило марка Ланд Ровер, управувано од осомничениот. Лицето е лишено од слобода и со него полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка извршија информативен разговор.

ОБИД ЗА КИДНАПИРАЊЕ ДЕЦА ВО КАРБИНЦИ ИЛИ НЕПОТРЕБНА ПАНИКА

Градоначалникот на Карбинци, Виктор Паунов, денеска до скоро 15 часот имал разговори со инспекторите во врска со инцидентот пред училиштето „Страшо Пинџур“ и тој всушност се спротивставува на демантот на МВР, зборувајќи за деталите.

-Директорката ми јави за случајот и јас веднаш заминав во училиштето. Бев присутен за време на разговорите со полициските службеници и сакам на јавноста да и кажам што точно се случувало утрово во училишниот двор, така како што беше раскажно пред полицијата.

Во демантот на МВР се наведува дека утрово околу 09.30 часот младо момче со возило Голф дошло во училишниот двор и ја поканило ученичката да влезе во автомобилот и одат на кафе, по што таа пријавила кај директорката, ситуацијата била далеку посериозна.

АНЃУШЕВ СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД, НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ СЕ ЖАЛИ

Стејт департментот го стави Кочо Анѓушев на црната листа. Поранешниот вицепремиер е неподобен за влез во САД поради неговата вмешаност во корупција. Освен на Анѓушев, забранет влез во САД имаат и неговата сопруга и двете деца.

Во периодот од 2017 до 2020 година, во претходната Влада на премиерот Зоран Заев,  Анѓушев беше вицепремиер за економски прашања.

Анѓушев вели дека ќе се жали на оваа одлука. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Вообичаено кон крајот на декември, поголем број на бездомници преспиваат во Пунктот во Момин Поток. Тој е единствено место од овој тип во градот Скопје кое на неделна основа услужува вкупно 170 бездомници кои ги добиваат сите сервисни услуги кои се нудат во овој пункт. 

Се окрупнува сопственоста во скопската компанија „РЖ услуги“. Самото акционерско друштво вчера преку Берзата извести дека нејзиниот мнозински акционер, Ѓорги Качурков, ја зголемил сопственоста во компанијата и сега таа му изнесува над 24 проценти.

Македонија и официјално се откажа од рускиот гас во последниот јавен повик за набавка на овој енергенс за двете топлани во Скопје преку кои се обезбедува загревање за домаќинствата и фирмите.

Народски да се изразиме ГТЦ по последната одлука на акционерот е без резервна гума, без појас за спасување. Во период од две години статутарните резерви на некогашната скопска гордост се намалија од 1,44 милиони евра на 260.000 евра.

Можеби ќе ве интересира

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

МАЛИЌИ СТАНА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МЕКСИКО: Во Скопје е отворен конзулатот за зајакнување на односите меѓу Мексико и Македонија

МАЛИЌИ СТАНА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МЕКСИКО: Во Скопје е отворен конзулатот за зајакнување на односите меѓу Мексико и Македонија