БУРАТА СЕ СМИРИ, ДВЕТЕ БАНКИ ПРОДОЛЖУВААТ ПО СВОЈОТ ПАТ, НО ИНВЕСТИТОРИТЕ НЕ МИРУВААТ - блок трансакција со акциите на Комерцијална, кој плати 78 илјади евра
Објавено во: Финансии 04 Октомври, 2024 15:54
Намерите за преземање не успеаја, страстите се смирија, а поблиската и подалечната иднина ќе покаже дали акционерите од Стопанска банка Битола кои одлучија да гласаат против преземањето на нивната банка од страна на најголемата банка во земјава, Комерцијална, направиле добар или погрешен потез.
Но, тоа е нивно право и никој не може да им го одземе, ниту, пак, може да се меша во нивните одлуки, а и онака е веќе завршена приказна.
Останува само уште интересот на јавноста зошто не успеа оваа приказна, која на македонската банкарска сцена можеше да донесе ултра голема и моќна банкарска институција.
Откако понудата за преземање е прогласена за неуспешна, дури ниту законските прописи не дозволуваат Комерцијална банка да достави нова понуда за преземање на Стопанска Битола во рок од една година, но од Комерцијална банка многу прецизно нагласија дека не ни имаат таква намера, а дека средствата кои им беа предвидени за откуп на акциите, ќе ги инвестираат во форма на заеми дадени на моќни клиенти.
Од друга страна, пак, се огласија и од Стопанска банка Битола, нагласувајќи дека продолжуваат сами, но и дека се стабилни, ја подобруваат финансиската позиција, и дека кај нив се целосно безбедни средствата на депонентите.
И додека економската публика и натаму се прашува за главните причини, инвеститорите не мируваат. Акциите на Комерцијална банка и натаму се меѓу најбараните и најтргуваните на Берзата, а не стивнува интересот и за блок трансакции.
Имено, вчера помина блок трансакција со акциите на Комерцијална банка, иако не стануваше збор за голема количина. За познат купувач и за позната цена беа продадени 200 акции на Комерцијална банка, а за нив одреден инвеститор плати цена од 24 илјади денари по акција, или вкупно за овој пакет тој ќе искешира нешто повеќе од 78 илјади евра.
Интерес за акциите на Комерцијална имаше и на редовниот пазар, на кој вчера се продадоа 263 акции, иако по цена само минимално намалена, односно просечна од 23.989 денари, што значи дека бил направен вкупен промет од близу 103 илјади евра.
Со акциите на Стопанска банка Битола вчера немало тргување, но завчера и тие постигнаа цена од 3.200 денари за акција, а беа продадени 352 акции. Цената од 3.200 денари по акција всушнст е онаа која им ја нудеше Комерцијална банка.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





