И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица
Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2024
Во текот на
утрешниот ден продолжува променливото време, претпладне претежно суво, додека
во попладневните часови повторно ќе има повремени локални врнежи од дожд, и
истите локално ќе бидат пообилни и проследени со грмежи и засилување на ветерот,
прогнозира Славчо Попоски.
Според неговата метеоанализа, и во делови од скопскиот регион утре попладне ќе има повремен локален дожд, локално пообилен и проследен со грмежи и засилување на ветерот.
-Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени, додека во Скопје температурата ќе се искачи до околу 22 степени. Од понеделник ќе имаме стабилизирање на времето, со постудени утра, додека максималните температури ќе бидат во поголем пораст, а исклучок ќе биде само среда кога ќе има услови за локален дожд, вели тој.
фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI