ФАКТОР НА ДЕНОТ: Убиство и самоубиство ја потресе Демир Капија
Објавено во: Македонија 16 Мај, 2023
УБИСТВО И САМОУБИСТВО ВО ДЕМИР КАПИЈА
72-годишниот Марко Костадинов го убил 34-годишниот Бојан Младеновиќ во текот на ноќта во Демир Капија пред потоа сам да си го одземе животот, објави Телевизија 24, по веста која изутрина ја потресе земјата.
Костадинов, кој неофицијално бил полицаец во пензија, знаел да се заканува, но соседите не го сваќале сериозно. Тој живеел на долниот кат, а Младеновиќ на горниот.
Млчаденовиќ додека спиел ја оставил вратата отклучена, а Марковски се качил во неговото живеалиште, го застрелал на спиење во главата и потоа го заклучил. Кога се симнал во својот дом си го одзел животот.
Жителите изутрината побарале од полицајците да проверат горе што се случило, а тие ја скршиле вратата.ВЛАСТА ПРЕЗЕМА МЕРКИ ЗА ПОБЕЗБЕДНИ УЧИЛИШТА
Владата соопшти дека се донесени заклучоци за подобрување на процесите, безбедноста, организацијата и состојбите во основните и средните училишта.
Владата на денешната 154-та седница ја разгледа Информацијата за подобрување на процесите, безбедноста, организацијата и состојбите во основните и средните училишта во Република Северна Македонија, подготвена од Министерството за образование и наука. Донесени се повеќе заклучоци во делот на превентивата и безбедноста во училиштата и на учениците.НАМЕСТО НОВИ ТАБЛИЧКИ ЌЕ СЕ КОРИСТАТ ОЗНАКИ „НМК“
Ќе се користат налепници со ознаката „НМК“ наместо нови регистарски таблички, за заштита на граѓаните од финансиски трошоци и вадење нова документација. Ова го соопштија од Владата по денешната седница.
Владата на денешната 154-та седница ја разгледа и усвои и Информацијата за потребата од ставање налепници со „НМК“ ознака на регистарските таблици, предложена од Министерството за внатрешни работи.СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА ГО ТУЖИ И БАРА 10.000 ЕВРА ОД КОВАЧКИ
Денеска во Основен суд 2 се одржа подготвителното рочиште за судскиот спор кој го иницираше министерката за одбрана Славјанка Петровска против пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен полковник, Драган Ковачки.
Петровска го тужи Ковачки откако овој објави детали од психијатриски наод за министерката. Петровска денеска во изјава по рочиштето од судскиот процес против Ковачки рече дека од него бара отштета од 10.000 евра.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.