26 Ноември, 2024
0.0279

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уште три дена за договор со Софија, денес повторно над 1.000 заразени

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 14 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

ОСТАНУВА КРАТКО ВРЕМЕ ЗА ДОГОВОР СО БУГАРИЈА

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи денеска на прес - конференција изјави дека  е оптимист во однос на преговорите со Бугарија. 

Вели дека до последен момент македонската страна ќе се труди да постигне договор. 

Османи кажа дека постигнат е напредок во многу прашања, дури 7-8 кои биле чувствителни за едната или за другата страна.

„Се уште се пред нас уште три дена, ќе работиме до последниот момент да аргументираме дека процесот на европските интеграции не е процес којшто е важен само за Република Северна Македонија, туку и за Бугарија и за сите земји членки на Унијата, пред се и за кредибилитетот на Унијата, но и за регионалната динамика“, изјави министерот. 

Објасни дека во изминатите три месеци имаше интензивна комуникација на сите можни нивоа, не само во Скопје, туку и надвор, за постигнување заедничко решение со Бугарија.

Бугарите остануваат на своите тврди позиции. 

Бугарски политичар излезе со став дека Македонија треба да се обедини со Бугарија. 

Веселин Марешки, потпретседател на бугарското собрание и лидер на политичката партија Волја, коалициски партнер на премиерот Бојко Борисов, е првиот бугарски функционер кој вели дека единствениот пат за земјава е обединување со Бугарија.

Убеден сум дека соработувајќи отворено со нашите соседи ќе го најдеме вистинското решение, но бидејќи Договорот за соседство не води кон нив, имаме право да бараме други средства, вели бугарскиот претседател Румен Радев за БНТ за односите со Македонија. 

„Видете што направи Грција по тоа прашање“, рече Радев.

И ДЕНЕС НАД 1.000 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3353 тестирања, а регистрирани се 1168 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-513, Куманово-68,  Дебар-6, Штип-27, Прилеп-77, Тетово-65, Струга-40, Велес-36, Битола-58, Охрид-25, Кавадарци-29, Гостивар-30, Гевгелија-5, Струмица-33, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Крушево-3, Кочани-19, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Пехчево-3, Берово-3,  Валандово-6, Виница-5, Делчево-3,  Кратово-11, Свети Николе-33, Кичево-42, Ресен-4, Неготино-7. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 692 оздравени пациенти од: Скопје-394, Куманово-25, Штип-27, Прилеп-22, Тетово-49, Велес-33, Битола-14, Охрид-2, Кавадарци-12, Гостивар-22, Гевгелија-12,  Струмица-18, Крива Паланка-6, Радовиш-3, Крушево-1, Кочани-12, Пробиштип-6, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-6, Виница-2, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-16, Ресен-1, Неготино-2.

Починати се 18 лица, пет пациенти од Скопје (61, 69, 67, 77 и 84г), двајца од Куманово (66 и 80г), еден пациент од Штип (54г), еден од Тетово (73г), двајца од Битола (82 и 73г), еден од Охрид (84г), четири пациенти од Гостивар (78, 76, 78 и 66г), еден од Струмица (55г) и еден пациент од Кратово (74г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

ОПОЗИЦИЈАТА ОБВИНУВА, НО И БАРА ОДГОВОРИ

Двете најголеми партии во земјата, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денеска меѓусебно се обвинија дека може на едните, односно на другите да им се случи народ. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека на премиерот Зоран Заев ќе му се случи народ доколку Владата преговара за решение кое ќе го негира нашиот идентитет, историјата, нашиот македонски народ, неговата посебност, порача лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Тој вели дека не смее да се преговара за македонските национални херои, но и за откажување од малцинството во Бугарија.

Од СДСМ вратија дека народ веќе му се случи на според нив очајниот Христијан Мицкоски. Додаваат дека граѓаните веќе три пати ги поразија неговите антидржавни политики.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Имам 46 години и досега вакво нешто не сум видел, вели Александар Костиќ, претседател на месната заедница во селото Галичник.

Раскажува дека глетката била страшна при двата земјотреси со јачина од 4.9 степени, но за среќа траеле кратко, и нема поглеми штети. Дополнително имало и повеќе афтершокови.

Социјалното претприемништво може да одговори на многу општествени проблеми со конкретен производ и услуга, а притоа да ја задржи хуманоста, социјалната и општествена одговорност и да отвори многу можности, како за посветените претприемачи, така и за многу групи на вработени кои својата шанса за напредок во кариерата би си ја нашле токму во ваков вид на компанија. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик