ФАКТОР НА ДЕНОТ: Утревечер слободно движење, а од четврток полицискиот час ќе почнува од полноќ
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Мај, 2021 20:54
ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ЌЕ ПОЧНУВА ОД ПОЛНОЌ
Владата на 69-та редовна седница, донела одлука, забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз од 12 мај 2021 да почнува од 24:00 часот до 04:00 часот наутро наредниот ден.
Сепак за Бајрам односно на 12 мај, како што беше првично соопштено, полициски час нема да има.
Дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот, почнувајќи од 12 мај 2021 година.
Од 12 мај 2021 година, сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30 отсто од капацитетот на затворениот простор.ИМА 171 ЗАРАЗЕН И 26 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 2.357 тестирања, а регистриран е 171 нов случај на КОВИД-19 во:
Скопје – 58, Куманово – 16, Битола и Радовиш – по 9, Виница – 8, Кочани и Кичево – по 7, Прилеп, Охрид и Штип – по 6, Велес и Струмица – по 5, Тетово, Гостивар и Ресен – по 4, Кавадарци – 3, Струга, Неготино, Свети Николе, Кратово и Македонска Каменица - по 2, Делчево, Пробиштип,Крушево и Демир Хисар – по 1.
Регистрирани се 409 оздравени пациенти од:
Скопје – 171, Прилеп – 39, Куманово – 37, Битола – 36, Тетово – 15, Велес – 13, Гостивар – 12, Кичево – 11, Штип – 10, Струмица – 9, Кавадарци и Радовиш – по 8, Крива Паланка – 6, Охрид и Кочани – по 5, Виница и Демир Хисар – по 4, Дебар и Пробиштип – по 3, Неготино, Ресен и Богданци – по 2, Гевгелија, Свети Николе, Берово и Делчево – по 1.
Пријавени се вкупно 26 починати лица.
ЌЕ ПРИСТИГНАТ НОВИ ВАКЦИНИ ОД АСТРА ЗЕНЕКА
Во петок во земјава пристигнуваат уште 38.400 вакцини Астра Зенека.
Дека ќе стигне нова пратка вакцини, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче на Фејсбук. Toj повика граѓаните да се пријавуваат за вакцинација.
„Добивме уште една добра вест од УНИЦЕФ попладнево. На 14 месецов ќе стигне втората пратка вакцини што ги обезбедивме преку КОВАКС механизмот и ќе ни бидат испорачани 38.400 вакцини од производителот Астра Зенека. Вакцини ќе продолжат да пристигнуваат во следниот период, апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинција на www.vakcinacija.mk.“, пишува Филипче.МАКЕДОНСКИ ВОЈНИК ВО АФРИКА СЕ ЗАРАЗИЛ СО КОРОНАВИРУСОТ
Македонскиот војник заболен од коронавирус во Африка е потполковник кој служел во рамките на Европската мисија во Централноафриканската Република и вечерва треба да пристигне под посебна евакуација во Скопје, потврди Радмила Шекеринска, министерката за одбрана.
- Еден од нашите припадници, потполковник на армијата, кој учествува во Европската мисија во Централноафриканската Република, минатата недела беше тестиран како позитивен на корона-вирусот и бидејќи состојбата не беше доживеана од страна на медицинските експерти како целосно под контрола, по препорака на медицинските експерти во ЕУ-мисијата, тој ќе биде со медицинска евакуација донесен дома во Скопје, претпоставувам доцна вечерта, рече Шекеринска.
Таа додаде дека оваа медицинска евакуација е направена во соработка со европските служби за надворешни односи Засега нема потврда дали се работи за африканскиот сој, кој е еден од најразорните видови коронавируси досега.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“





