03 Јануари, 2025
0.0314

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата го доби извештајот од ЕК, Мицкоски вети дека ќе работи на реформите

Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

МАКЕДОНИЈА ГО ДОБИ ИЗВЕШТАЈОТ ОД ЕК, МИЦКОСКИ ВЕТИ ДЕКА ЌЕ РАБОТИ НА РЕФОРМИТЕ

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека во извештајот на ЕК имаме реална слика за состојбите, граѓаните живеат тешко, а борбата против корупцијата е клучна. 

Рече дека мора човек реално да пристапи на работите и реално да разговара за заедничките предизвици кои ни престојат како држава. 

„Нема да кажувам дека со само два месеци кои се опфатени во извештајот дека сме направиле чуда. И без овој извештај како прв човек на Владата знам дека граѓаните живеат тешко и дека ни се потребни крупни чекори напред, клучни реформи и она што можеби за мене претставува клучен приоритет а тоа е борбата против корупцијата. Сепак е добро кога ќе се добие и квантификација и една реална слика за состојбите. 

Извештајот на ЕК е објективна слика и патоказ за реформските приоритети на земјава, оценила претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. 

СДСМ БАРА ДА СЕ РАСПРАВА ЗА СКАНДАЛОТ ВО АНБ

Пратеничката од редовите на СДСМ Славјанка Петровска, денеска на прес-конференција во законодавниот дом соопшти дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе поднесе иницијатива до претседателот на Комисијата за надзор над работата на АНБ Скендер Реџепи, за свикување на седница на која ќе биде поканет директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски, со цел да даде одговори на прашања поврзани со сертификатот по англиски јазик кој го приложил при конкурирањето за директор на Агенцијата.

Според Петровска, именувањето на директор на АНБ е под сомнителни околности и сомнителен серификат за познавање на англиски јазик. Со именувањето на Христовски за директор на Агенцијата, таа вели се руши угледот во НАТО безбедносно-разузнавачката заедница.

AХМЕТИ МУ ОДГОВОРИ НА МИЦКОСКИ ПРЕКУ ВИДЕО

Претседателот на ДУИ,  Али Ахмети преку монтирано видео објавено на неговиот профил на Фејсбук му одговори на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски откако тој му порача дека не вреди да го коментира писмото што му го испратил.

„Краток прилог на едно однапред документирано предупредување на владини одлуки и директни и јавни политички инструкции до Уставниот суд“, напиша Ахмети.

На видеото се прикажани повеќе изјави на Мицкоски за Законот за јазиците, за укинувањето на балансерот, како и за укинувањето на Бадентерот.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Киваното е егзотично овошје кое го нарекуваат ризница од витамини. Дел од македонските граѓани го саделе, кажуваат дека лесно се одгледува, има богат род, но немало кому да го продадат затоа што народот се фокусира на купување на овошјата и зеленчуците кои се користат овде со генерации.

Зошто ги направи сите напори за да го купи Жито Караорман од Кичево, кога очигледно не го работи успешно, е прашањето што би можело да се постави за бизнисменот Селаудин Арифи, а кој е доминантен сопственик на оваа мелничко пекарска компанија. 

Неофицијално дознаваме дека Соња Бибановска, долгогодишна бизнис партнерска на Доне Таневски водела тајни преговори и одлучила да ги продаде сите нејзини акции во најголемата хотелиерска компанија „Македонијатурист“. Доколку се случи ова Доне Таневски ќе остане безгласна буква во одлучувањето со компанијата, а потегот на Бибановска воедно ќе ја девалвира и вредноста на неговите 23,4 отсто акции во компанијата

Бизнисменот Зоран Азманов, односно неговата компанија „Настел“ продолжува да продава акции во фармацевсртката компанија „Реплек“. 

Грузија е соочена со досега невиден притисок од конфронтираните глобални воени суперсили САД и Русија.

„Перпарими“ и „Линди“, локални фирми од Кичево познати уште по тоа што се добитници на јавни набавки од оваа општина, минатиот месец регистрирале фирма „Хотел Керчова“ на истата адреса на која се наоѓа „Хотел Кичево“.

Поголеми плати и повеќе вработени ќе има во Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување - МАПАС следната 2025 година.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Можеби ќе ве интересира

ЦУК: Извлечено возилото кое излета во Вардар, извадени телата на три лица

ЦУК: Извлечено возилото кое излета во Вардар, извадени телата на три лица

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Алармантно загадување на воздухот во Македонија, за Струмица се издадени препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Алармантно загадување на воздухот во Македонија, за Струмица се издадени препораки

УБИСТВО ВО ТЕТОВО: Татко го застрела својот син

УБИСТВО ВО ТЕТОВО: Татко го застрела својот син

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Aвтомобил излета во Вардар

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Aвтомобил излета во Вардар

Директорот на АНБ, Бојан Христовски, добил НАТО сертификат?

Директорот на АНБ, Бојан Христовски, добил НАТО сертификат?

(ВИДЕО) КУМАНОВО ЛИ Е, ГАЗА ЛИ Е: Коментар за масовното пукање петарди и огномети

(ВИДЕО) КУМАНОВО ЛИ Е, ГАЗА ЛИ Е: Коментар за масовното пукање петарди и огномети

ПРЕДЛОЖЕНИ СЕ ДЕСЕТИНА МЕРКИ ЗА СТРУМИЦА: Два дена воздухот е екстремно загаден

ПРЕДЛОЖЕНИ СЕ ДЕСЕТИНА МЕРКИ ЗА СТРУМИЦА: Два дена воздухот е екстремно загаден

ИСЕЛУВАЊЕ: По првото полугодие од кумановските средни и основни училишта се отпишале 174 ученици

ИСЕЛУВАЊЕ: По првото полугодие од кумановските средни и основни училишта се отпишале 174 ученици

САРАЕВО, СКОПЈЕ, ПРИШТИНА: Високо на листата меѓу најзагадените градови во светот

САРАЕВО, СКОПЈЕ, ПРИШТИНА: Високо на листата меѓу најзагадените градови во светот