19 Декември, 2025
0.0572

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата го разреши Стојко Пауновски, за него тоа било очекувано

Објавено во: Македонија 27 Април, 2021 19:57

Добивај вести на Viber

ВЛАДАТА ГО РАЗРЕШИ ПАУНОВСКИ

Oд Владата и официјално излегоа со информација дека на денешната седница е разрешен директорот на Државниот пазарен инспекторат(ДПИ), Стојко Пауновски. 

На Фејсбук објавија дека тој е разрешен поради непрофесионално однесување. 

„Согласно член 10, став 1 од Законот за Државен пазарен инспекторат (ДПИ) според кој Владата го именува и разрешува директорот на ДПИ, на денешната седница Владата го разреши Стојко Пауновски од функцијата директор на ДПИ, поради неговото непрофесионално однесување. Оваа консензуално донесена одлука е донесена според Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на владата и според законот за Државен пазарен инспекторат“, соопштија од Владата. 

Разрешувањето на Пауновски доаѓа откако тој изминативе денови му се спротивстави на премиерот Зоран Заев поради 32 вработени што му ги доделила Владата.

Тој рече дека не може да ги преземе во Државниот пазарен инспекторат сите 32 вработени што му ги определила Владата, туку само оние кои имаат соодветно образование, по што премиерот му се закани со смена.

Во изјава за Телма, Пауновски рече дека ова за него било очекувано. 

ПОЛИТИЧАРИТЕ СЕ СЕЌАВААТ НА 27 АПРИЛ

Никогаш повеќе никаде и никому да не се повтори, напиша кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, денесса, споделувајќи фотографии од истиот ден пред 4 години кога се случи упадот во Собранието. Димитриевски додава дека верува дека постапиле исправно, но им се обраќа и на своите истомисленици во тој период, дел од кои, како што вели, можеби сега се трансформирале во тоа против што се бореле.

„Ден денеска верувам дека во тој момент постапивме исправно, слободата и демократијата е се, кога некој те напаѓа должен си да се браниш. Времето ќе покаже дали сите останавме доследни на тогашната идеологија или пак поединци денеска се трансформираа во тоа против што тогаш се боревме, како и да е историјата еден ден ќе запише се!

Ние истомислениците продолжуваме напред, секогаш за Куманово и Македонија!

НОВИ 450 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.874 тестирања, а регистрирани се 450 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 146, Куманово – 52, Битола – 42, Прилеп и Охрид - по 18, Тетово и Кочани – по 17, Велес и Кавадарци – по 15, Струмица и Кичево – по 14, Виница – 11, Гостивар – 10, Штип – 9, Демир Хисар – 8, Струга – 6, Крива Паланка и Берово – по 5, Радовиш и Делчево – по 4, Гевгелија, Свети Николе, Ресен, Валандово и Крушево – по 3, Неготино – 2, Пробиштип, Демир Капија и Пехчево – по 1.

Регистрирани се 1.001 оздравени пациенти од:

Скопје – 432, Битола – 80, Куманово – 73, Прилеп – 69, Кавадарци – 51, Тетово – 38, Велес – 35, Кичево – 29, Неготино – 23, Гостивар – 21, Охрид и Штип – по 17, Кочани, Струмица и Радовиш – по 15, Гевгелија – 13, Свети Николе – 11, Виница – 9, Делчево – 8, Демир Капија – 7, Ресен и Дебар – по 5, Берово – 4, Крива Паланка и Дојран – по 2, Демир Хисар, Струга, Богданци, Кратово и Македонски Брод – по 1.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Нето дивидедна за секој домашен акционер (по одбиток на персоналец) изнесува 65,7 денари за акција. Ова е сосема пристојно со оглед на загубата од работењето лани. Парите за дивиденда се издвоени од акумулирани добивки низ минататите години, а износот за дивиденда е еден милион евра

Во Албанија двонеделниот карантин останува на сила за секој што доаѓа од Грција и Македонија, но од оваа одлука штета трпат Македонците кои живеат во пограничните места и работат во нашата земја.

НЛБ Банка има одличен резултат! Добивката надмина 8 милиони евра, а тоа ќе ги израдува акционерите, а ќе ги охрабри и инвеститорите на нашата берза

Министерот за здравство, Венко Филипче и премиерот Зоран Заев кои денеска присуствуваа на отворањето на фабриката Гересхајмер која ќе произведува медицинско стакло за фармацевтската и здравствената индустрија, изјавија дека досегашните мерки даваат резултати и дека сега кога има опаѓање на епидемиолошката крива, граѓаните имаат можност празниците да ги поминат достоинствено.

На огласи ќе ги најдете како слободни, но ако се јавите на оставените телефонски броеви и да побарате сместување за претстојните четири слободни денови од споените велигденски и првомајски празници, ќе ви кажат дека, за жал, се е веќе резервирано.

Повеќе од 14 милиони евра е опортунитетно во минус јавното претпријатие „Државни патишта“ во 2020. Тоа се пари кои биле планирани како приходи од наплата на патарина, но не се остварил есапот, најмногу поради пандемијата, која го ограничи движењето, особено по коридорот 10.

Владата денеска треба да ги усвои препораките за олабавување на рестриктивните мерки кои треба да почнат да важат од утре. Здравствените власти предложија, почнувајќи од утре до 15.мај полицискиот час наместо да почнува од 20 часот, да биде од 21 часот до 05 изутрина, но за претстојните верски празници оваа мерка да не важи. Тоа значи дека полицискиот час нема да важи сабота кон недела, односно од 1. кон 2. мај, како и помеѓу 12 и 13 мај. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот