ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ќе позајми нафта, од утре превозот во Скопје се нормализира
Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2024 21:32
ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ ОД УТРЕ ЌЕ СЕ НОРМАЛИЗИРА
Советот на Град Скопје предлага продолжување на дијалогот со ЗЕЛС и други јавни претпријатија за стабилизирање на состојбите во градот, и за решавање на хаосот со јавниот превоз.
Советот на Град Скопје попладнево ја поздрави одлуката на Владата да обезбеди гориво за ЈСП за следните седум дена и ја поддржа соработката за продолжување на оваа мерка. Советниците предложија поддршката да продолжи и во иднина.ЗА МАЛКУ Е ИЗБЕГНАТА ТЕПАЧКА ВО СОБРАНИЕТО
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски изрази згрозеност од денешното безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев.
„Најпрво како човек, а потоа како пратеник и координатор на пратеничка група во Собранието, сакам да изразам огромна згрозеност од денешното недолично, безобразно и срамно однесување во Собранието, на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев. Очигледно, комплексите, нервозата и агресијата, домашното невоспитание и недостигот на основна култура, денес ја доживеаја својата кулминација.УЧЕНИК ДАВЕЛ СОУЧЕНИК ВО ВЕЛЕС И ГО ПОВРЕДИЛ
Ученик на возраст од 12 години од ОУ „Блаже Конески“ од Велес вчера заврши на Клиниката на неврохирургија во Скопје со тешки повреди на мозокот, откако друг основец го давел и му ја удирал главата.
Полицијата соопшти дека повреденото дете е однесено со итна медицинска помош во велешката болница.
„Во Полициска станица Велес, вчера, 20 ноември било пријавено дека во Општинско основно училиште во Велес малолетник физички нападнал друг малолетник, кој е негов соученик. Со Итна медицинска помош Велес нападнатиот малолетник бил однесен во болницата во Велес за укажување на лекарска помош. За настанот се известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес. СВР Велес презема мерки за расчистување на случајот“, изјави Биљана Ѓаковска, портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




