19 Декември, 2025
0.2934

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Власта не е против лидерска, но не сака уцени

Објавено во: Македонија 06 Мај, 2022 21:20

Добивај вести на Viber

ВЛАСТА НЕ САКА УЦЕНИ

Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети не се против лидерска средба на политичките партии, што ја побара претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но велат дека средбата не треба да се одвива под притисоци и наметнати теми, како што предвремени избори.

Лидерот на Интегративците Али Ахмети вели дека нема ништо лошо во тоа да се одржи средба на лидерите, но без уцени и наметнувања, туку да се разговара на одредени теми.

СОНК И МОН ПРОДОЛЖУВААТ СО ПРЕГОВОРИ

Во недела СОНК и МОН повторно ќе преговараат.  Станало збор за нов процент за покачување на платите. 

„Доставивме барање, иницијатива до МОН за исптлата на дневници врз основа на колективен договор, имаме основ за таа работа и скоро сме сигурни дека ќе бидат исплатени во дејноста образование. За жал имаме проблем во МТСП со детска заштита, има навистина сериозен проблем каде што еве до ден денес нема сигнал дека таму ќе бидат исплатени дневниците, може да биде сериозен проблем во нарушување на процесот на преговори“, изјави Јаким Неделков, претседател на СОНК.

СКОРО ПОЛОВИНА МИЛИОН ГРАЃАНИ БИЛЕ ПОД ПРАГОТ НА СИРОМАШТИЈА

Бројот на сиромашни граѓани кои живеат под прагот на сиромаштија во земјава во 2020 година изнесувал 451.900, покажуваат податоците што ги објави Државниот завод за статистика.

Според Лаекенските индикатори за сиромаштија, стапката на сиромашни лица во 2020 година изнесувала 21,8 проценти.

Стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца е 20,7 проценти, стапката на сиромашни вработени лица е 7,9 проценти, додека стапката на сиромашни пензионери е 7 проценти. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

„Тиквеш“ донесе многу убава и охрабрувачка вест за целата инвеститорска јавност, а особено за акционерите. Успеа за 90 дена да извезе вина и ракија во вредност од 5 милиони евра, а при тоа да го зголеми за 99 отсто извозот во споредба со истиот период лани. Притоа целата продажба порасна за 2,6 милиони евра, а трошоците на продажба за 2,1 милиони евра

Исплатените средства за поддршка на повластените производители на електрична енергија од обновливи извори изнесуваат безмалку 42 милиони евра. Распределената повластена тарифа е објавена од операторот на пазарот за електрична енергија МЕМО, преку кој оди исплатата, како и од Регулаторната комисија за енергетика. Сумата, која ја плаќаме преку сметките за електрична енергија, е слична како и ланската.

Сума од 10 милиони евра е веќе исплатена од државната каса, за купување на 10 проценти од гасниот терминал Александруполи во Грција. Оваа информација претходно не беше објавена во јавноста, а за Фактор вчера ја потврди Бајрам Реџепи, директор на АД НЕР, државната компанија за изградба на гасоводот во земјава.

Охрабрувачки резултати покажа опсежната анализа на Централниот регистар на земјава за минатата година. Споредбата е направена со претходната 2020 година, а беа анализирани над 77 илјади годишни сметки на компаниите. За резултатите од анализата разговараме со директорката на Централен регистар, Марија Бошковска-Јанковски.

Драстичен раст на цените на млекото во тетрапак низ продавниците забележуваат граѓаните, кои алармираат дека цената достигнува и до 70 денари за литар млеко. Поскапувањето како што кажуваат читатели на „Фактор“ е забележано во повеќе маркети во главниот град, а како што потенцираат биле фрапирани од големите разлики во цените за само еден ден.

Случаи на хепатитис или воспаление на црниот дроб кај најмладата популација се пријавени уште во средината на април во повеќе европски земји-Данска, Ирска, Холандија, Шпанија, како и во САД, но први кои алармираа за ова заболување беа британските здравствени власти кои објавија дека откриле повеќе случаи на инфекцијата кај децата од вообичаено. Од вчера и лекарите во Србија алармираа дека можно е да има прв случај, на ова заболување и кај нив.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината