01 Ноември, 2024
0.0288

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Ковачевски дека дезертирал од армијата во 2001 година и му дадоа рок од 24 часа да се произнесе

Објавено во: Македонија 18 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ ОБВИНИ ДЕКА КОВАЧЕВСКИ ДЕЗЕРТИРАЛ ОД ВОЈСКА

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека македонскиот премиер Димитар Ковачевски дезертирал од Aрмијата на Република Македонија во 2001 година година прикажувајќи се како трајно неспособен. 

„Му даваме 24 часа на македонскиот премиер да одговори на ова, а ако нема одговор ќе објавувме сѐ што имаме“, изјави денеска на конференција за медиумите Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Вели дека Ковачевски е човек дезертер кој не заслужува да ја води државата. 

МИЦЕВСКИ ВЕЛИ ДЕКА НЕ СЕ ПРОТИВ ВНЕСУВАЊЕ НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ

Апсолутно не сме против внесувањето на Бугарите во Уставот, ние го кажавме нашиот став, меѓутоа има многу работи во Договорот кои што се основа на сите асимилаторски и негаторски претензии на соседна држава кон нас, вели  координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во неделното интервју на Радио Слободна Европа, Никола Мицевски. 

„Нека се решат сите спорни прашања по однос на тоа. Апсолутно не сме против Бугарите и не само против Бугарите, туку и другите за внесување во Уставот. Меѓутоа ние не завршуваме тука со проблемите, еве со отворање на Уставот и внесување на Бугарите, ние имаме одредена преговарачка рамка, каде што билатерален проблем, којшто се појави годиниве од потпишувањето на тој фамозен Договор со Бугарија за добрососедство и соработка се јавува како проблем“, вели Мицевски.

УКРАИНЦИТЕ ОСТАВИЛЕ НАД 200 ПАРЧИЊА ВОЕНА ОПРЕМА КОГА ГО НАПУШТИЛЕ ХАРКОВ

Украина тврди дека Русите загубиле 50 отсто од својата војска при бегството од Харковскиот регион. 

Главниот штаб на Украинските вооружени сили утринава соопшти дека извршиле молскавичен контранапад и ослободиле илјадници квадратни метри окупирана територија.  Русите оставиле зад себе повеќе од 200 парчиња воена опрема. 

Британското разузнавање тврди дека Русија е насочена кон моралот на украинскиот народ. 

Според нив, Русија го зголеми бројот на цели меѓу цивилната инфраструктура во обид да го поткопа моралот на Украина – народот и владата

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Истрагата за случајот Крмзов пред крај, а резултатите се повеќе од шокантни

МИЦКОСКИ: Истрагата за случајот Крмзов пред крај, а резултатите се повеќе од шокантни

ДОБИЛЕ ДВЕ АНОНИМНИ ПРИЈАВИ: ОЈО отвора предмет за директорот на АНБ, Бојан Христовски

ДОБИЛЕ ДВЕ АНОНИМНИ ПРИЈАВИ: ОЈО отвора предмет за директорот на АНБ, Бојан Христовски

Партијата на Македонците од Албанија бара во Пустец да се постави биста на Борис Малески

Партијата на Македонците од Албанија бара во Пустец да се постави биста на Борис Малески

ГРЧКИТЕ МЕДИУМИ ГИ СЛЕДАТ ИЗЈАВИТЕ НА МИЦКОСКИ: Му забележуваат дека инсистира на употреба на терминот Македонија

ГРЧКИТЕ МЕДИУМИ ГИ СЛЕДАТ ИЗЈАВИТЕ НА МИЦКОСКИ: Му забележуваат дека инсистира на употреба на терминот Македонија

ПРИТВОР ЗА ЖИТЕЛ НА БОГДАНЦИ: во повеќе наврати се соблекувал и самозадоволувал пред деца во основно училиште

ПРИТВОР ЗА ЖИТЕЛ НА БОГДАНЦИ: во повеќе наврати се соблекувал и самозадоволувал пред деца во основно училиште

САКАЛЕ ДА ВЛЕЗАТ НА ЗАБАВА ЗА „ХАЛОУИН“, НАМЕСТО ТОА ИЗЕЛЕ ЌОТЕК: Инцидент пред дискотека во Скопје, момче заврши со дупната глава, а неговата девојка со расцепена уста

САКАЛЕ ДА ВЛЕЗАТ НА ЗАБАВА ЗА „ХАЛОУИН“, НАМЕСТО ТОА ИЗЕЛЕ ЌОТЕК: Инцидент пред дискотека во Скопје, момче заврши со дупната глава, а неговата девојка со расцепена уста

„ЗАЈАКНУВАЊЕТО НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА РЕФОРМИТЕ Е КЛУЧНО“: Муртезани вели овој проблем не следи со години

„ЗАЈАКНУВАЊЕТО НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА РЕФОРМИТЕ Е КЛУЧНО“: Муртезани вели овој проблем не следи со години

ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ СО РЕТКА КРВНА ГРУПА ДОБИЈА БУБРЕЗИ: Имаат втора шанса за живот без дијализа

ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ СО РЕТКА КРВНА ГРУПА ДОБИЈА БУБРЕЗИ: Имаат втора шанса за живот без дијализа

Битолчанец загина во сообраќајна незгода

Битолчанец загина во сообраќајна незгода