26 Ноември, 2024
0.0294

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ порача дека Делчев е последниот бастион, коронавирусот однесе млади животи

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 15 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ ОДРЖА ПРОТЕСТ ЗА ОДБРАНА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на протестот посветен на националниот херој Гоце Делчев изјави дека Делчев е црвената линија на нашето достоинство. 

Вели дека патриотизмот не е демоде политика. Порача дека македонизмот не е ништо помалку важен од европеизмот. 

Рече дека ЕУ значи почитување на различноста, а нашата иднина е во ЕУ. 

„Денес сме тука и за ЕУ, и за Гоце Делчев. Народот е најважен, затоа што народот е државата. Не смееме да дозволиме да станеме територија без држава“, кажа Мицкоски. 

Вели дека СДСМ предводена од Зоран Заев не е за ЕУ. Наведе дека таму нема рекет, нема пропаѓање на банки, и осиромашување на народот.

„Сакаат да го продадат Гоце за да можат да си поделат уште некоја лиценца за марихуана“, додаде Мицкоски. 

Рече дека Заев не е иднина, туку закана за иднината на Македонија во ЕУ. 

„Делчев обединувал, а Заев разединува. Изборот е или СДСМ или вистината, или Македонија или мафија“, изјави Мицкоски. 

Александар Пандов од ВМРО-ДПМНЕ порача дека само масовно ако излеземе на улици ќе покажеме дека тука живее чесен македонски народ, кој зборува македонски. 

MЛАДИ ЛУЃЕ ПОЧИНАА ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1404 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-50, Куманово-6, Штип-4, Прилеп-5, Тетово-7, Струга-3, Велес-1, Битола-4, Охрид-2, Гостивар-1, Струмица-9, Крива Паланка-1, Кочани-1, Берово-1, Делчево-2, Кичево-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти од: Скопје-46, Штип-6, Прилеп-8, Тетово-9, Велес-1, Охрид-3, Гевгелија-1, Струмица-2, Крива Паланка-2, Кочани-2, Македонски Брод-5, Пехчево-4, Берово-4, Виница-2, Делчево-6, Свети Николе-1, Кичево-2.

Починати се 9 лица, од Крива Паланка (52г), двајца од Гостивар (60г и 62г), од Куманово (60г), од Велес (70г), двајца од Скопје (71г и 23г), двајца од Струмица (29г и 44г). Oд нив 8 се починати во болнички услови, една пациентка од Струмица при транспорт кон Скопје. 

Пациентката која имаше само 23 години од Скопје и која почина од ковид 19 е потврдена позитивна на 5.09, а претходно 4 дена била со симптоми: температура, кашлица и тешко дишење, соопштија од Министерството за здравство. 

Хоспитализирана е, велат, на 12.09 на Инфективната клиника во Скопје и веднаш класифицирана како тежок пациент, ставена на кислород. Ден пред да настапи смрт, состојбата на пациентката се влошила со пад на сатурација, по што била ставена на неинвазивна вентилација (НИВ). Смртта настапила нагло. Пациентката имала коморбидитети, опериран тумор на хипофиза и морбус кушинг- ендокринолошко заболување. 

ОСМАНИ И ЗАЕВ ВО ПОСЕТА НА АТИНА

Новиот министер за надворешни работи Бујар Османи веќе слета во Атина.

Тој за ова свое службено патување, прво како министер за надворешни работи, веќе се пофали на својот фејсбук профил, најавувајќи ги средбите што таму ќе ги оствари. 

„Првото слетување во новиот мандат, во Атина. На средби со Претседателката, премиерот и министерот за надворешни рсботи на пријателска Грција. Преспанскиот договор ги претвори нашите меѓусоседки односи во сојуз и партнерство“, напиша министерот Османи на фејсбук. 

ПОЧНА ОБЕШТЕТУВАЊЕТО НА ШТЕДАЧИТЕ ВО ЕУРОСТАНДАРД БАНКА

Од денеска стартува обесштетувањето на штедачите од Еуростандард банка. Пред банките повторно ќе има редици граѓани, дел од оние што имаат редовни потреби за услугите од банкарското работење, а дел од штедачите, кои ќе ги посетат банките з да си ги подигнат влоговите до 30 илјади евра. 

Во некои банки утрово немаше големи метежи, односно ситуацијата изгледаше редовна, а во други, како што велат нашите читартели, се создале поголеми редици.

Банките веќе ги имаат списоците и кај нив се префрлени парите од Фондот за осигурување депозити, конкретно 68,3 милиони евра, колку што по деталните проверки утврди дека треба да се исплатат стечајниот управник Душко Тодевски. Се очекува обесштетувањето да тече без проблеми. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Го спасуваа извозот и ја влечеа ранетата економија напред - сепак за поголемите извозни компании од кои повеќето странски инвеститори досега немаше помош од државата. Во пресрет на есента и продолжената криза и тие стравуваат од ударот. 

Иако Преспанското езеро се повлекува сепак оваа летна сезона имаше многу гости во Преспа.

Една инвестициска банка која е специјализирана за пазарите во развој на Југоисточна Европа објави анализа за акцијата на „Комерцијална банка“.

Николај Крастев, бугарскиот новинар, долгогодишен дописник од Западен Балкан и аналитичар, смета дека ќе биде голема грешка доколку Бугарија го блокира патот на Македонија во Европската Унија и започнувањето на преговори за членство. 

Димитар Апасиев, лидерот на Левица, купил стан од 65.000 евра во 2017 од 60 метри квадратни во Скопје, но и има кредит во банка од 3,46 милиони денари подигнат во 2016, според Анкетниот лист кој го пријавил во Државната комисија за спречување на корупцијата. Пратеникот во Антикорупциска навел и дека автомобилот алфа ромео е на неговиот брачен другар, произведен во 2007, и вреди 155.000 денари.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик