ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во февруари стигаат првите дози од Фајзер вакцината, а денес меѓу починатите има и 35 годишен пациент
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 30 Декември, 2020
ПРВИТЕ ДОЗИ ОД ВАКЦИНИТЕ ФАЈЗЕР СТИГААТ ВО ФЕВРУАРИ
Македонија во февруари ги добива првите дози на Фајзер вакцината.
Денеска попладне е постигнат директен договор со компанијата, а количината ќе биде позната во текот на следните недели, информираат од Министерството за здравство.
„Следните дози од вакцината на Фајзер ќе пристигнат во март и април. Министерството за здравство продолжува разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ како и преку Ковкакс механизмот од каде се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини. Ова е одлична вест за сите граѓани и прв чекор кон конечна победа над пандемијата. Министерството информира дека во јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа македонскиот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата“, се наведува во соопштението.МЕЃУ ПОЧИНАТИТЕ ДЕНЕС ИМА И 35 ГОДИШЕН ПАЦИЕНТ
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2366 тестирања, а регистрирани се 493 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-210, Куманово-28, Штип-14, Прилеп-14, Тетово-7, Струга-6, Велес-34, Битола-15, Охрид-24, Кавадарци-32, Гостивар-10, Гевгелија-17, Струмица-17, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Крушево-1, Кочани-5, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Демир Хисар-1, Пехчево-5, Берово-6, Валандово-5, Виница-1, Свети Николе-2, Кичево-9, Ресен-5, Неготино-8.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 450 оздравени пациенти од: Скопје-154, Дебар-15, Штип-32, Прилеп-32, Тетово-18, Струга-16, Велес-27, Битола-34, Кавадарци-23, Гостивар-17, Гевгелија-11, Струмица-14, Крива Паланка-4, Радовиш-6, Кочани-1, Пробиштип-5, Македонски Брод-2, Валандово-1, Виница-3, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-8, Ресен-1 и Неготино-19.
Починати се 15 лица, четири пациенти од Скопје (47, 58, 81 и 56г), еден од Куманово (35г), двајца од Струга (75 и 64г), еден од Велес (70г), двајца пациенти од Битола (70 и 56г), еден од Охрид (80г), еден од Кавадарци (73г), еден од ПЕ Гевгелија/ Богданци (63г), еден пациент од Крива Паланка (65г) и еден пациент од Неготино (67г). Пациентите се починати во болнички услови.ОДБИЕНИ АМАНДМАНИТЕ НА ОПОЗИЦИЈАТА ЗА ПОПИСОТ
Одбиени се амандманите на опозицијата за пописот, а законот ќе се донесе после празниците.
Расправата за амандманите за пописот заврши, a владејачкото мнозинство ги одби ги одби сите четириесетина амандмани од опозициските партии за предлог-законот за попис. Одбиени се амандманите со кои се бара да се појаснат основните поими што се користат во законот како што се „вкупно население во државата“, „место на живеење“, „официјално место на живеење“. Не е прифатен ни амандманот од Алијанса и Алтернатива со кој бараа посебна пописна комисија наместо Државниот завод за статистика. Од ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека СДСМ и ДУИ со 8 гласа против го одбиле и амандманот за попис со отпечаток од прст за што партијата најмногу инсистираше.
Според опозицијата на ваков начин се зголемува сомнежот дека ќе се попишуваат и лица кои не се жители на Македонија, спротивно на стандардите на Евростат.МИЗРАХИ СО НИЗА ПРАШАЊА ЗА ЗАЕВ
Рашела Мизрахи, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница во Собранието за поставување на пратенички прашања му покажувашпе фотографии од членови од нејзиното семсјтво убиени во фашистички логор, како и фотографии од убиени македонски национални херои во текот на Втората светска војна. На ова премиерот Зоран Заев, кој беше присутен на седницата, возврати дека тоа е однапред подготвена провокација и дека поранешната техничка министерка за труд и социјална политика во тој случај треба да зборува и за Германија, а не само за Бугарија.
- Ова е моето семејство однесено од бугарскиот фашистички окупатор во Треблинка., Сите убиени, освен мојот дедо, рече Мизрахи, која покажуваше и фотографии од Страшо Пинџур и Мирче Ацев, кои биле претепани до смрт, а рече дека и струмичанецот Благој Јанков - Мучето е застрелан од фашистите во Струмица, а Заев наредил да се избрише зборот „бугарски“ од неговата спомен плоча.ПОТРЕСНИ ПРИКАЗНИ СТИГНУВААТ ОД ХРВАТСКА
Од под урната куќа во Хрватска е извлечена постара жена, жива и здрава.
На социјалните мрежи е објавено видео од спасувачката мисија, жената е спасена, но нејзиниот сопруг не преживеал. Тој со своето тело помогнал неговата сопруга да преживее.
Претседателот на Хрватската служба за спасување на планини (ХГСС), Јосип Граниќ, изјави дека во текот на ноќта, припадниците на таа служба посетиле 84 села во областа погодена од земјотресот и посочи дека не наоѓаат луѓе под урнатините или повредени на кои им е потребна итна помош.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.