26 Ноември, 2024
0.0285

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во пресрет на празниците донесени рестриктивни мерки, а денес има нови 881 заразен

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 15 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

ВЛАДАТА ГИ ПРИФАТИ РЕСТРИКТИВНИТЕ МЕРКИ

Донесени се дополнителни рестриктивни мерки во периодот од 18 декември до 20 јануари, на 30-та седница на Владата. 

Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, поддржани и од Главниот координативен штаб за дополнителни рестриктивни мерки во периодот од 18 декември до 20 јануари.

Владата донесе измени и дополнувања на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита од КОВИД-19, според кои се ограничува работата на угостителските објекти наместо до 21 часот да биде до 18 часот, освен за угостителските објекти кои остваруваат продажба на алтернативен начин (онлајн нарачки, телефонски нарачки и слично) и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект (преку штанд/пулт).

Дополнително, работата на угостителските објекти до 18 часот, да биде спроведена во рамките на веќе усвоените протоколи за работа. Оваа мерка да почне да се применува од 18 декември 2020 година до 21 јануари 2021 година.

Здравјето мора да се стави пред задоволството и профитот, истакна на денешната прес-конференција, премиерот Зоран Заев, нагласувајќи дека Владата денеска ги прифати препораките од Комисијата за заразни болести.


Министерот за здравство Венко Филипче денеска најавувајќи го стапувањето на сила на рестриктивните мерки од петок, до 20. јануари упати апел до граѓаните дека целта на оваа кампања „Празнувај одговорно“ е токму подигнување на свеста за да се спречи понатамошното ширење на корона вирусот и да не дојде до зголемување на бројот на новозаразени во јануари кога ќе поминат празниците. 

НОВИ 881 ЗАРАЗЕН СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2902 тестирања, а регистрирани се 881 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-425, Куманово-40, Дебар-1, Штип-17, Прилеп-55, Тетово-32, Струга-24, Велес-23, Битола-39, Охрид-33, Кавадарци-22, Гостивар-30, Гевгелија-10, Струмица-35, Крива Паланка-7, Радовиш-5, Кочани-23, Пробиштип-4, Демир Хисар-4, Македонски Брод-3, Берово-1, Виница-1, Делчево-8, Кратово-3, Свети Николе-1, Кичево-12, Ресен-4, Неготино-19. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 806 оздравени пациенти од: Скопје-247, Куманово-53, Штип-34, Прилеп-69,  Тетово-3, Струга-19, Велес-32, Битола-64, Охрид-43, Кавадарци-41, Гостивар-49, Гевгелија-13, Струмица-1, Крива Паланка-8, Радовиш-8, Кочани-14, Пробиштип-8, Демир Хисар-5, Македонски Брод-3, Пехчево-3, Берово-11, Валандово-1, Делчево-12, Кратово-1, Свети Николе-12, Кичево-20, Ресен-12 и Неготино-20.

Починати се 22 лица, седум пациенти од Скопје (81, 64, 80, 81, 77, 64 и 70г), тројца од Куманово (70, 97 и 94г), еден од Прилеп (75г), двајца од Струга (74 и 69г), еден пациент од Битола (60г), двајца од Охрид (65 и 83г), еден од Гевгелија (67г), еден од Гостивар (73г), еден од Кочани (68г), еден од Пробиштип (46г), еден од Берово (80г) и еден пациент од Виница (77г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

АПАСИЕВ ТВРДИ ДЕКА 70.000 КОСОВАРИ ЌЕ СТАНАТ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ

Лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев, на Фејсбук напиша дека со изгласаните измени на Законот за државјанство, како што вели тој, околу 70.000 граѓани од Косово ќе може да добијат македонски пасоши, а според пратеникот, тоа го прави владеачката партија СДСМ за да може да обезбедува кворум во Собранието со помош на пратениците на Алијанса на Албанците и Алтернатива.

„До каде (ќе) оди забеганоста на СДС?

Вчера, само за да си обезбеди кворум за изгласување на дневен ред, владејачкото мнозинство го усвои шовинистичкиот предлог на Алијанса и Алтернава за контроверзни измени на ЗАКОНОТ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО - по скратена постапка, со кој, на вештачки начин, се овозможува нови 70.000 Косовари да станат државјани на Македонија!“, напиша Апасиев.

ОБВИНЕНИЕ ЗА ПОШТЕНСКА БАНКА

По сеопфатна истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд - Скопје доставило обвинителен акт против девет лица. 

Како што соопштија од ОЈО за организира криминал, се работи за дела сторени при формирањето на Поштенска банка.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

„Здраво, се викам Гаел и свирам на кавал“, oва се првите зборовите кои Гаел Лекок од Франција ги научила на македонски. Таа два пати посетувала Летна школа и го изучува македонскиот јазик.

Тивко и далеку од очите на јавноста, Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го „чешла“ предметот Еуростандард банка. Не обелоденуваат за јавноста повеќе детали, но откриваат дека надлежниот обвинител што постапува по предметот издал еден куп наредби - бара релевантни докази и ги утврдува фактите за случајот.

Трифун Костовски, еден од сопствениците на Еуростандард банка, која се споменува во случајот со големиот обвинителен акт што го поднесе ОЈО за организиран криминал против девет лица, за перење на над девет милиони евра при формирањето на Поштенска банка, за Фактор вели дека сите овие дела се направени без негово знаење.

Веќе е познато дека децата кои биле заразени со корона вирусот, самата инфекција ја поминуваат или асимптоматски или со благи симптоми на болеста, но загрижува фактот што сега регистрираме една нова состојба, која се јавува кај децата две недели до еден месец, откако го прележале Ковсд-19 или пак имале контакт со заболен, вели во разговор за Фактор, шефот на Одделот за Педијатрија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, д-р. Душко Фидановски.

Резарта Малиќи Салиу ќе управува со главните компании на својот татко Енвер Малиќи, еден од најпознатите и најбогатите македонски бинзинсмени, кој почина пред две недели. Покрај Резарта, Малиќи ги има и двата сина Алтин и Албан.

Наместо за плати кај работниците, дури 86 илјади евра државна помош завршија кај нивните работодавачи, кои ги задржаа на своите сметки. Такво непримерно поведение во октомври покажале 179 газди, а извисија 338 работници.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик