25 Ноември, 2024
0.1152

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во Србија и Црна Гора ќе патуваме без ПЦР тестови, денес има 520 заразени со коронавирусот

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 12 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

ВО СРБИЈА И ЦРНА ГОРА ЌЕ ПАТУВАМЕ БЕЗ ПЦР ТЕСТОВИ

Претседателот на македонската влада Зоран Заев по разговорот со српската премиерка Ана Брнабиќ информира дека од 14 јануари се укинува задолжителниот ПЦР тест потребен за македонските државјани за влез во Србија.

„Премиерката Ана Брнабиќ го информираше премиерот Заев дека од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји“, информира владината прес-служба.

Заев денеска имаше телефонски разговор со Брнабиќ со честитки за успешна 2021 година, а биле изразени желби и интерес за уште подлабока соработка меѓу владите и народите на двете земји во новата година.

НОВИ 520 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3023 тестирања, а регистрирани се 520 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-231, Куманово-22, Дебар-11, Штип-10, Прилеп-9, Тетово-23, Струга-9, Велес-20, Битола-10, Охрид-22, Кавадарци-28, Гостивар-25, Гевгелија-8, Струмица-20, Крива Паланка-12, Радовиш-6, Крушево-2, Кочани-7, Пробиштип-5, Македонски Брод-2, Пехчево-4, Берово-4, Валандово-2, Виница-2, Делчево-7, Кратово-2, Свети Николе-2, Кичево-11, Ресен-1, Неготино-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 372 оздравени пациенти од: Скопје-150, Куманово-16, Штип-6, Прилеп-18, Тетово-12,  Струга-20, Велес-15, Битола-17,  Кавадарци-27, Гостивар-14, Гевгелија-9, Струмица-17, Радовиш-7, Кочани-13, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-5, Виница-2, Свети Николе-1, Кичево-5, Ресен-3, Неготино-12.

Починати се 12 лица, четири пациенти од Скопје (88, 50, 82 и 65г.), еден пациент од Дебар (72г.), двајца од Струга (79 и 81г.), два пациенти од Охрид (94 и 66г.), еден пациент од Струмица (79г.), од Крива Паланка (59г.) и еден пациент од Кичево (70г.). Пациентите се починати во болнички услови.

ДАШТЕВСКИ Е ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДИК

Собранието го избра новиот состав на Државната изборна комисија на чело со претседателот Александар Даштевски со 96 гласа „за“. За негова заменичка е избрана актуелната потпретседателка, Детмире Шеху.

Даштевски е познат како претседател на Комисијата за антискриминација, а претседател на ДИК ќе биде на предлог на ВМРО-ДПМНЕ.

На актуелниот претседател Оливер Дерковски, кој исто така беше предлог на ВМРО-ДПМНЕ, мандатот му истекува в петок.

ИВЕРМЕКТИН Е ДОСТАПЕН ВО АПТЕКИТЕ

Министерството за здравство ја информира јавноста дека лекот „Ивермектин“ од денеска е достапен за граѓаните во аптеките. Лекот ERMETIN (ivermectin) таблета 3 mg x 10 во пакување, на производителот World Medicine Ilac San.Ve.Tic. од Турција во аптеките по одобрена малопродажна цена изнесува 299 денари.

Овој лек може да се зема само со лекарски рецепт од матичен лекар или лекар специјалист. Истиот може да се употребува во домашно и болничко лекување, и да се земе превентивно, исклучиво со лекарска препорака, доколку лице било во контакт со ковид позитивен.

ВЛАСТА ЌЕ ГО АНАЛИЗИРА АКЦИСКИОТ ПЛАН ОД БУГАРИЈА

Специјалниот пратеник во преговорите со Бугарија, Владо Бучковски, се враќа од неговата официјална посета на Софија со акциски план за соработка што беше пред него претставен од бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

Планот е насочен кон спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство и се очекува да биде потпишан на претстојниот генерален состанок на меѓувладината конференција.

Што точно содржи овој план не можеше да наведе дури и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи во синоќешното гостување во емисијата „Топ тема“. Тој само најави дека во него има делови кои се надоврзуваат со делови на македонскиот акциски план, но дека има и делови со кои за прв пат се соочуваме и дека во наредниот период ќе бидат добро анализирани.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Освен англиски и германски јазик, медицинските сестри во земјава ги изучуваат данскиот, норвешкиот и шведскиот јазик со цел да најдат работа во некоја од скандинавските држави.

Најавена на голема врата уште пред два месеци, засега нема ништо од неработната недела. Ова ветување, кое беше дадено уште пред изборите, а потоа и потврдено на владина седница на почетокот на ноември, требаше многу брзо да биде преточено во законско решение.

Од понеделник во три поликлиники во Скопје ќе почне да се прават лабораториски анализи на двете клучни вредности, кои според лекарите покажуваат во која насока се движи здравствената состојба на пациентите заболени од Ковид-19.

Владата во последните денови од изминатата година ги исплати договорените проценти како поврат за инвестирањата што ги вложија домашните и странските претпријатија и покрај ковид-кризата.

Вакцинацијата против Ковид - 19 е исклучително важен процес - на светско нив е надеж дека ширењето на корона вирусот конечно ќе се стави под контрола, ќе се зачува здравјето, но и ќе се поттикне економијата.

Пандемијата на Ковид-19 комплетно го промени начинот на живот, а поради ограничувањата комплетно се намалени и можностите за патувања – летото малкумина заминаа на одмор, зимава исто така има многу мал интерес за зимувањата во традиционално најпосетените зимски центри во соседството.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик