ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев и Гаши не се договорија, разговорите продолжуваат идната недела
Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2021
ЗАЕВ И ГАШИ ПОВТОРНО ЌЕ РАЗГОВАРААТ ИДНАТА НЕДЕЛА
Премиерот Зоран Заев попладнево изјави дека разговорите со Алтернатива продожуваат идната недела.
Заев вели дека одлуките се носат на органите и телата на партијата. Тој денеска се сретна со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.
„Се отворија неколку проблематики, затоа останува за време на викендот, да размислиме“, рече Заев.
Премиерот вели дека не е време за избори, и дека е чесно да се остават 2 и пол години да се работи. Заев рече дека сите треба да мислиме на европската иднина на Македонија.
Гаши рече дека сакале да го видат концептот на Заев, и кои би биле следните чекори во евроинтеграцијата. Тој кажа дека внатре во партијата ќе разговараат што понатаму. Ќе водат сметка за интересот на граѓаните, државата, Албанците, и за партијата.
„Јас сум убеден дека ќе ја донесеме најдобрата одлука за граѓаните, државата, за нас“, изјави Гаши.ДУДА НУДИ ПОМОШ АКО БУГАРИЈА КАЖЕ „НЕ“
Полскиот претседател Анджеј Дуда вели дека ако Софија не дозволи почеток на преговорите, тој лично ќе се заложи за решавање на прашањето.
Дуда се надева дека новата бугарска власт ќе биде конструктивна во однос на нашата земја.
„Во овој момент би сакал да кажам дека Полска ја дава безрезервната поддршка на Република Северна Македонија за влез во ЕУ и овде би сакал јавно да изјавам дека доколку Република Бугарија и понатаму реагира неконструктивно односно каже НЕ за влезот на Северна Македонија, јас лично ќе истапам и ќе се залагам за изготвување на некој патоказ односно документ којшто ќе послужи на РСМ полесно да се справи со ова прашање во влез во ЕУ“, рече Дуда.
Тој имаше заедничката прес конференција во Скопје со неговиот домаќин, претседателот Стево Пендаровски.ДЕНЕС ИМАА 444 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
· Направени се 2.938 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 190, Битола – 43, Прилеп – 27, Кавадарци – 19, Кочани – 16, Велес и Струмица – по 15, Охрид и Берово – по 13, Ресен – 11, Куманово и Штип – по 10, Тетово, Кичево, Гевгелија и Делчево – по 6, Крива Паланка и Кратово – по 5, Валандово – 4, Неготино, Свети Николе, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3, Радовиш и Пробиштип – по 2, Гостивар, Струга, Дебар, Виница и Пехчево – по 1.
· Регистрирани сe 467 оздравени пациенти од: Скопје – 193, Куманово – 34, Битола – 26, Тетово – 24, Штип – 23, Кавадарци – 21, Прилеп – 19, Кочани – 18, Велес – 13, Делчево, Крива Паланка и Неготино – по 11, Гевгелија – 9, Струмица – 8, Свети Николе и Радовиш – по 6, Берово и Пробиштип – по 5, Ресен, Кичево и Кратово – по 4, Демир Хисар и Виница – по 3, Демир Капија – 2, Охрид, Богданци, Крушево и Дојран – по 1.МАКЕДОНЦИТЕ ВО ВРАЊЕ ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИМАТ БУСТЕР ДОЗА
Одобрено е давање трета бустер доза вакцина против ковид-19 за граѓаните на Република Северна Македонија, соопштија од Здравствениот центар Врање, јави дописникот на МИА од Белград.
Бустер дозата на вакцината против ковид-19 во Србија се дава на сите лица кај кои е завршена примарната вакцинација и од втората доза поминале четири или пет месеци во зависност од типот на вакцината.
Се остава можност лицето кое ќе се вакцинира да го избере типот на вакцината што ќе ја прими како бустер доза.ЧИТАЈТЕ УШТЕ