29 Септември, 2024
0.0280

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев ја депонираше оставката, а Мијалков сепак останува во притвор

Објавено во: Македонија 22 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

ЗАЕВ ЈА ДОСТАВИ ОСТАВКАТА ДО СОБРАНИЕТО

Премиерот Зоран Заев ја испрати оставката до Собранието на Република Северна Македонија. 

Тој наведува дека оставката е логичен чекор кој произлегува од исходот на локалните избори и како израз на преземената одговорност за изборните резултати.

„Резултатите на последните избори, иако беа локални, за политичкиот момент во кој се наоѓа земјата имаа и национална политичка тежина. Во вакви услови, за мене лично и за мене како премиер, заради политиките во кои верувам, заради демократските и европските вредностите во кои верувам, политички неодговорно и неоправдано пред мојот народ и мојата земја би било јас лично  да продолжам да ја водам Владата на евроатлантскиот пат. Сметам дека друг премиер од редовите на СДСМ тоа ќе може да го оствари на подобар начин, со успех и за граѓаните и за државата. Со мојата оставка со која ја преземам одговорноста сакам да оставам пример за да се препознаваат доблесните одлуки кога тоа е неопходно и со тоа да дадам уште еден придонес во јакнење на демократскиот капацитет на народот, но исто така и на идните лидери за да бидат свесни за својата граѓанска должност кога ја преземаат грижата за својата земја“, наведува Заев. 

Додава дека демократијата значи и одговорност. Вели дека тоа го направил и за да може да продолжи да се развива нашата западно-европска идеја и прогресивниот концепт во земјата да си создаде услови за сопствено освежување и зајакнување, а со тоа да не се дозволи да биде поразен на национално ниво - за да можат токму тие современи демократски сили да опстојат и да продолжат да се борат за напредокот на Северна Македонија – во име на слободата, демократијата, различностите, добрососедството, НАТО и за полесно и побрзо да ги почнеме преговорите со ЕУ.

МИЈАЛКОВ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР

Eкс директорот на УБК, Сашо Мијалков сепак останува во притвор.

„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор против С.М. обвинет во предметот со КОK бр. 63/21 во јавноста познат како „Плацеви на Водно“, а имајќи ја предвид итноста на постапката, Кривичниот совет, по добивање на предметот, одржа седница на советот и донесе решение со кое го прифати предлогот на Јавниот обвинител и на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Оваа одлука следи по денешната одлука на Апелацискиот суд – Скопје со која беше прифатена жалбата на Мијалков и  тој беше ослободен со гаранција од 11 милиони евра.

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ НЕМА РЕСТРИКЦИИ

Актуелните антиковид мерки се сосема доволни и нема потреба од нови рестриктивни мерки оцени денеска министерот за здравство, Венко Филипче, нагласувајќи дека епидемиолошката состојба во Македонија е мирна.

-Остануваат на сила постоечките мерки. За влез во земјава се бара потврда за вакцинација или негативен ПЦР или пак потврда за прележан ковид. Жалам што интересот за вакцинацијата спласна. Ако се исклучат децата ние имаме опфат меѓу 50 и 55 проценти, и нема брзо да го постигнеме процентот од барем 70 отсто, но со оглед на тоа што собири на јавни места има секаде, а кулминација ќе се доживее за време на новогодишните празници и сето тоа ќе спласне, ние сега имаме прилично мирна состојбата. Не гледам зошто и специфично само за новогодишните празници би правеле некаква рестрикција кога собири сега пред Нова година традиционално има секаде во огромен број, луѓе се собираат“, изјави Филипче.

Истовремено нагласи дека и болниците се празнат, односно се намалува бројот на пациенти кои се хоспитализирани заради компликации од вирусот.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.366 тестирања, а регистрирани се 320 нови случаи на КОВИД-19.

ПЕНДАРОВСКИ БАРА РАЗРЕШНИЦА ЗА АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА

Претседателот Стево Пендаровски во своето предновогодишно обраќање во Собранието побара судска разрешница за автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 лица на враќање од Истанбул.

„Серијата на ужасни трагедии и лични трауми да ја пробудат одговорноста, затоа што нема ништо повредно од губењето на човечкиот живот кога има системски пропусти и прекршени правила.

Меѓу граѓаните владее чувство дека расте културата на неказнивост. Големата автобуска несреќа е само последниот во низата вакви случаи. Доколку ваквите случаи не добијат завршница во разумен рок, недовербата на граѓаните ќе расте.

ИЗГОРЕ БАРАКАТА НА ЈП„УЛИЦИ И ПАТИШТА“

Во текот на ноќта целосно изгоре бараката на јавното претпријатие Улици и патишта Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ искажува сомневање дека синоќешниот пожар во бараките на јавното комунално претпријатие Улици и патишта - Скопје можно е да е намерно подметнат.

Најголемата опозициска партија ја прашува владејачката СДСМ, дали причина за зачестените пожари на објекти во кои се сместени државни институции е уништување на документацијата.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Владата планира да донесе сосем нов закон за прогласување на вонредна состојба. Потребата произлегла од пандемијата предизвикана од Ковид-19, кога требаше и да се прогласува вонредна состојба во државата. Институциите се на мислење дека досега имало слаба регулација на точните правила за прогласување на вонредна состојба и дека таа материја е уредена во повеќе заокни и во Уставот. 

Готвачите се барани на пазарот на труд во Македонија, а посебно недостиг има во Охрид и Струга.

Во екот на историски највисоките цени на гасот, Македонија ќе се задолжи за 28,9 милиони евра - за изградба на Интерконекторот за гас од Грција, со кој ќе се овозможи земјава да се снабдува од повеќе различни извори со овој исклучително значаен енергенс. Заемот ќе го земе државната АД НЕР од Европската инвестициска банка, а за него ќе гарантира државата, но законот за таа гаранција ќе мора да го изгласаат народните избраници.

Познатиот светски бизнисмен со македонско потекло Мајк Зафировски својата најнова дејност ја регистрираше во родната Македонија преку која ќе вработува млади работници за потребите за своите компании во САД.

Хаос се случува на пазарот со електрична енергија во земјава. Една фирма снабдувач со струја во земјава им ги раскинува договорите за снабдување на компаниите, и покрај тоа што тие се склучени на подолг период, на одредена цена која била договорена при склучувањето на договорите. 

Премногу отворено прашања, несигурност и недоверба меѓу САД и ЕУ на една страна и Русија на другата страна по прашањето на Украина... Никаков напредок во разговорите Путин – Бајден.

Можеби ќе ве интересира

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки