ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев прими вакцина, стигнаа критики за дигиталниот речник
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 06 Мај, 2021 20:03
ЗАЕВ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ, ФИЛИПЧЕ УТРЕ
Точно напладне во Спортскиот центар А1 Арена „Борис Трајковски“, вакцината против Ковид-19 ја прими премиерот Зоран Заев, кој по апликацијата на вакцинта изјави дека ја примил кинеската од производителот „Синофарм“.
- Ја примив првата доза од вакцината на Синофарм, односно ја примив онаа вакцина која беше на ред, јас не бирав, зошто сите вакцини се безбедни, вакцините се тестирани и проверени. Важно е масовно да се учествува во процесот на вакцинација. Се чувствувам одлично и ќе ја продолжам мојата дневна агенда попладне. Ги повикувам сите да се пријават на сајтот „вакцинација.мк“.. Колку побрзо заврши процесот на имунизација, толку побрзо ќе заврши оваа борба со овој невидлив непријател, изјави веднаш по вакцинирањето премиерот Заев.
Истовремено потенцираше дека организацијата е навистина одлична, за што им честита на Министерството за здравство, како и на сите волонтери кои се активирани во процесот на имунизација на населението против корона вирусот.ИМА 324 ЗАРАЗЕНИ СО ВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 2.660 тестирања, а регистрирани се 324 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 110, Куманово – 44, Охрид – 18, Струмица – 17, Прилеп и Тетово– 13, Штип – 11, Битола, Велес и Кичево – по 10, Свети Николе – 9, Кочани и Виница – по 8, Радовиш –6, Гостивар и Дебар – по 4, Кавадарци, Гевгелија, Ресен, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица – по 3, Струга, Неготино, Берово и Делчево – по 2, Пробиштип, Валандово и Демир Хисар – по 1.
Регистрирани се 1.178 оздравени пациенти.
ЗАЕВ КАЖА ШТО ПРЕДВИДУВА ЗАКОНОТ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО
Има договор за Законот за државјанство.
Власта заедно со Алтернатива и Алијанса за Албанците постигнаа конечен договор за Законот за државјанство. Закoнското решение ќе влезе во собраниска процедура идната недела. Одбиено е барањето македонско државјанство да се добива и само со познавање на албански јазик, затоа што тоа е противуставно.
„Тој што аплицира може да стане државјанин, но може и да не стане државјанин. Како државјанин користи македонски јазик, но може и албански јазик. Од 2003 година наваму само шест лица се одбиени поради непознавање на македонскиот јазик. Албанскиот јазик е официјален јазик на соседна земја. Кога доаѓаат да аплицираат граѓани од разни земји, од Косово, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и од други, сите мора да бидат според Уставот еднакви пред властите на оваа земја. Стручната експертиза утврди што е во тој предлог закон уставно, а што не е", рече Заев.КРИТИКИ ЗА ДИГИТАЛНИОТ ТОЛКОВЕН РЕЧНИК
Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ги повлече зборовите се циганчи, циганштија, циганштење и други, по реакцијата од Ромите за навредливите зборови во дигиталното издание на Толковниот речник, чија појава и толкување предизвика револт и најава за протест кај ромската заедница. Освен овие, повелечни се и зборовите курва, ороспија, педер, каур, за кои имаше реакции во јавноста и во медиумите.
Претседателот на Народната партија на Ромите, Геге Демировски веднаш по промоцијата реагираше дека речникот содржи скандалозни навредливи зборови за Ромите и ги повика сите Роми што се дел од парламентарното мнозинство да ја напуштат владината коалиција.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





