ФАКТОР24: Идниот мандатар треба да биде натпартиска личност
Објавено во: Македонија 14 Декември, 2016 09:04
Во вечерашната емисија Фактор24 ќе гледате ТВ интервју со универзитетскиот професор по уставно право Светомир Шкариќ .
„Надпартиската личност како мандатар на идната Влада е нужноста бидејќи ниту една од партиите со ваков изборен резултат нема легитимитет да се наметне како премиер“, вели Шкариќ за магазинот Фактор24 што ќе се емитува вечерва во 22.30ч на ТВ 24Вести.
Еден од креаторите на македонскиот устав зборува и за тоа колку се реални најавите за федерализација. Каква е иднината на СЈО? Дали новиот параламентарен состав ќе даде поддршка за продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство? Ќе има ли правна разврска на аферата „Прислушување“ ?
Во емисијата ги анализираме и економските последици од долготрајната политичката криза, бараме одговор на прашањето што треба да биде приоритет на идната Влада .
Со писателите Раде Силјан, Жарко Кујунџиски и актерот Петар Арсовски разговараме за тоа кои беа мотивите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ Блаже Конески да се најде во нивните изборни кампањи.
Во ова издание на Фактор24 искажувања од карикатуристот и портретист Сабедин Ејупи Сајгон.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




