НЕДОСТИГА ДОКУМЕНТАЦИЈА, НЕ Е СПРОВЕДЕН ПОПИС, НЕ ФУНКЦИОНИРА СИСТЕМОТ ЗА ЕВИДЕНЦИЈА: ревизорите утврдија бројни недостатоци во Основниот суд Гостивар
Објавено во: Македонија 30 Април, 2025 11:31
Отсуство на документација со која ќе се потврди правото на сопственост или користење на
недвижниот имот – објектот во кој е сместен судот. Не е спроведен попис, има систем за електронската евиденција на работно време и на прекувремената
работа но истиот поради неисправност не се користи. Не е утврден статусот на предметите по судските депозити завршени/незавршени, со цел
преземање на понатамошни мерки за истите. Нема евиденција за одземените парични средства и скапоцености и други
одземени предмети и неизвршен попис на истит. Не е извршен надзор над севкупното материјално и финансиско работење на судот со
средствата за депозитите...
Ова се дел од главните забелешки и нерегуларности кои ги утврдија ревизорите при спроведувањето на Ревизијата на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност на Основниот суд Гостивар од Државниот завод за ревизија.
- Констатирано е отсуството на одредби за утврдување на платите на вработените во судовите кои вршат технички и помошни работи, средствата кои се издвојуваат од Буџетот за 2023 година за финансирање на Судската власт не го достигнуваат законски утврдениот процент од 0,8 отсто од БДП на Буџетот на Република Северна Македонија, односно одобрените средства претставуваат 0,3 проценти од БДП, во модулот за пресметка на плата на судската полиција зголемувањето на платата не е вклучено во основната компонента врз основа на која се врши пресметка на минат труд, а надоместоците за прекувремена и ноќна работа иако не треба, влегуваат во основицата за пресметка на додатокот за работно искуство - се вели во Извештајот.
Државниот завод за ревизија констатирал и различни услови за пополнување на едно работно место во прописите по кои работат судовите, што, смета, предизвикува дилеми и неможност за постапување, како и дека не е пропишана формата и содржината на обрасците за водење на судски депозити и има неусогласеност во законската и подзаконската регулатива во дефинирањето на сопственоста на застарените депонирани предмети по истекот на десет години од нивното предавање.
Констатирано е отсуство на документација со која ќе се потврди правото на сопственост или користење на недвижниот имот – објектот во кој е сместен судот, пописот не e спроведен согласно законската регулатива, дека поставен е систем за електронската евиденција на работно време и на прекувремената работа, но, истиот поради неисправност не се користи, како и дека не е склучен договор помеѓу институциите за процентуалното учество во трошоците од заедничкото користење на зградата.
- Активности за вршење на попис на судските депозити не се преземени, не е утврден статусот на предметите по судските депозити завршени/незавршени, со цел преземање на понатамошни мерки за истите, невоспоставена евиденција за одземените парични средства и скапоцености и други одземени предмети и неизвршен попис на истите, не е извршен надзор над севкупното материјално и финансиско работење на судот, со средствата за депозитите и депозит за гориво за службено возило е предвиден во ценовник на судот, но без наведен законскиот основ за истиот - констатира Државниот завод за ревизија
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




