ФАО ПРЕДУПРЕДУВА - УВОЗОТ НА ХРАНА ДОСТИГНУВА РЕКОРДНИ ВРЕДНОСТИ - земјоделците не ги надоместуваат трошоци
Објавено во: Агробизнис 09 Јуни, 2022
Вредноста на увозот на храна годинава ќе достигне рекордни 1,8 билиони долари поради цените што и покрај покачувањата се уште не ги надоместуваат трошоците на земјоделците, предупреди Агенцијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО).
Споредбено со минатата година вредноста на увозот ќе се зголеми за 2,9 отсто или 51 милијарда долари, а дури 49 милијарди од тој износ отпаѓа на покачените цени на храната, наведува ФАО.
- Со оглед на остриот пораст на цените на инпутите, временските проблеми и зголемената несигурност на пазарот поради војната во Украина, најновата прогноза на ФАО сигнализира веројатни ограничувања во снабдувањето со храна и нов рекорден трошок за увоз - објасни Упали Галкети Арачилаџ, економист на ФАО.
Високите цени обично се добра вест за производителите бидејќи носат поголем профит, но во актуелниот случај тие се надминати со зголемените трошоци за влез поради повисоките цени на енергијата и ограничувањата на извозот на клучните ѓубрива од големите производители, предупредува ФАО.
Доколку потрае, таквата состојба ќе го загрози брзото и ефикасно зголемување на производството.
Индексот на цените на инпутот на ФАО го достигна своето историски највисоко ниво, а изминатите 12 месеци надминат е и растот на индексот на цените на храната на ФАО.
Тоа покажува дека реалните цени за земјоделците се всушност ниски независно што потрошувачите плаќаат повеќе, состојба што делува дестимулирачки за интензивирање на производството во иднина, објаснуваат од ФАО.
Сегашната ситуација не навестува позитивни реакции во производството, чие зголемување е предуслов за спречување на натамошниот раст на цените на храната во сезоната 2022/2023 и по неа, заклучуваат во ФАО.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.