Фармацевтскиот гигант ги награди вработените со 25.000 денари: Алкалоид донираше и 1,2 милиони евра кон заедницата годинава

Објавено во: Финансии 28 Декември, 2020 11:49
Производите на „Алкалоид“ се дел од секојдневието на милиони луѓе во земјите каде што компанијата има воспоставено свои деловни операции. Секој производ што го носи логото на „Алкалоид“ е синоним за квалитет, традиција и за вложен труд на илјадници вработени и генерации на „алкалоидовци“, кои ги граделе компаниските вредности. Позитивниот имиџ на компанијата во голема мера е рефлексија на организациската култура, во која грижата за вработените е на врвот на листата на приоритети.
Во контекст на отежнатите услови за работа предизвикани од светската здравствена криза, а по повод новогодишните и божиќни празници, „Алкалоид“ одлучи да исплати еднократен линеарен паричен надомест за вработените во нето-износ од 25.000 денари. Политиката за надоместоци на компанијата, во согласност со Статутот на друштвото и со колективниот договор на „Алкалоид“ АД, се базира на конкурентност, мотивација, навременост и на транспарентност. Компанијата, и покрај неизвесноста која владееше во првиот квартал од 2020 година, во март на своите вработени веќе им исплати регрес за годишен одмор во нето-износ од 26.718 денари.
Во декември годинава во „Алкалоид“ АД имало 2.371 вработен, од кои 1.832 во Северна Македонија и 539 во подружниците во странство. Во текот на 2020 година во компанијата се реализираа 209 нови вработувања.
„Во услови кога светските економии се борат за ублажување на ефектите од претрпените загуби, а прогнозите за 2021 г одина. се ставени во сенка на имунитетот на вирусот и на очекуваните ефекти од вакцините, ретки се компаниите што можат да им помогнат на своите системи во вакви тешки времиња. Но помошта во кризни услови е од суштинско значење, особено ако кризата го носи предзнакот здравствена. Поради тоа, во тековнава година нашите активности за општествена одговорност имаа засилен интензитет. На разни основи, „Алкалоид“ АД Скопје во текот на 2020 година, преку базата во Скопје, Фондацијата „Трајче Мукаетов“, и преку дел од своите ентитети во земјата и надвор од неа, има донирано износ од приближно 1,2 милиони евра. Од нив, 1.075.000 евра се донирани во СевернаМакедонија, а околу 125.000 евра надвор од земјата. Во согласност со намената, 352.000 евра се донирани во лекови, медицински средства, опрема и во опремување; над 210.000 евра се донации во средства за хигиена и за дезинфекција, а над 638.000 евра се финансиски средства на разни основи, од кои 141.236 евра се реализирани преку Фондацијата „Трајче Мукаетов“. На листата на приматели на донации се заведени здравствени установи, институции, здруженија и голем број поединци, стои во соопштението.
Додаваат дека грижата за вработените, заедницата, за потрошувачите, акционерите и за сите иматели на удели во компанијата се цврсто втемелени во корпоративната политика на „Алкалоид“ АД Скопје, а таквите заложби ќе продолжат и во иднина.
„Годината која следува е исполнета со голем број неизвесности, но ние ќе останеме посветени на исполнување на очекувањата на пазарот и на испорачување врвен квалитет на нашите производи и услуги. Посакуваме во годината на 85. јубилеј на „Алкалоид“ АД да се радуваме заеднички на нови успеси, повисоки достигнувања и на ЗДРАВЈЕ пред сѐ, велат од Алкалоид
Можеби ќе ве интересира
САМО ЕДЕН ДЕН ПО ВОВЕДУВАЊЕТО НА ТАРИФИТЕ: Најбогатите луѓе во светот изгубија 208 милијарди долари

СЕ ОГЛАСИЈА „ПЕЛИСТЕРКА“ И „ТИМОХ“ ДО АКЦИОНЕРИТЕ: Стопанска банка Битола не е на продажба, не постои таква одлука на акционерско Собрание

ПАНИКА НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ: Трговската војна на Трамп ги уништува индексите ширум светот - скокна и ИНДЕКСОТ НА СТРАВ!

РЕЗИЛОТ Е СТРАШЕН, КАКО ДА НЕ СЕ ЖИВИ, ЗОМБИ, ПОЛУЖИВИ: Глигорова за минималната плата

КОЈА МАЛА И УСПЕШНА БАНКА ДЕЛИ ДОБРИ МЕНАЏЕРСКИ ПЛАТИ И НАГРАДИ - акционерите гласаа, еве за што ќе се исплатат 67 илјади евра

ОД 7 МАЈ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ПОЧНУВА ИСПЛАТАТА: Еве колкава дивиденда ќе легне на нивните сметки

ПОМАЛО ПРОИЗВОДСТВО, ПОМАЛКУ РАБОТНИ МЕСТА: професор Петрески за Фактор: Индиректниот ефект од тарифите на Трамп врз Македонија ќе биде поголем

ДАЛИ ЗНАЕТЕ КОЛКУ БИ ЧИНЕЛА „ЗАСТАВА 101“ ДЕНЕС! Ја возеше цела Југославија, а во 1972 година беше продадена за околу 2.000 долари

РАБОТА ПОКРАЈ МОРЕ ЗА 1.200 ЕВРА: Обезбедено сместување и храна, искуство не е потребно
