05 Декември, 2025
0.2712

ПАНИКА НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ: Трговската војна на Трамп ги уништува индексите ширум светот - скокна и ИНДЕКСОТ НА СТРАВ!

Објавено во: Финансии 04 Април, 2025 09:26

Добивај вести на Viber

Откако Вашингтон најави воведување драстични царини, сите најголеми светски берзи драстично паднаа, при што само Волстрит збриша околу 2,4 трилиони долари од пазарната вредност на компаниите кои го сочинуваат индексот S&P 500.

Откако американскиот претседател Доналд Трамп најави царини од 10 отсто за целиот увоз, и дополнителни реципрочни царини за увозот од земјите со кои САД имаат најголем трговски дефицит, на светските берзи владее паника.

Ова може да предизвика ескалација на тарифната војна, прекини во синџирите на снабдување и меѓународната трговија, зголемување на инфлацијата и забавување на растот во најголемите светски економии, па дури и рецесија во некои од нив.

Азиските берзи беа првите на удар во четвртокот, бидејќи Трамп најави драстични реципрочни царини за увоз од Кина, Јапонија, Индија, Тајван, Јужна Кореја...

Увозот од Кина, кој веќе подлежи на царини од 20 отсто, во иднина ќе подлежи на дополнителни царини од 34 отсто; на увоз од Јапонија 24 отсто, од Индија 26 отсто, од Јужна Кореја 25 отсто...

Затоа цените на акциите паднаа во четвртокот на сите азиски берзи, најмногу во Јапонија, Јужна Кореја и Хонг Конг.

ЕУ најави контрамерки

Следеа европските берзи, каде индексите беа длабоко во минус од самото отворање бидејќи Трамп најави дополнителни царини од 20 отсто на увозот од Европската унија, а многу европски лидери возвратија со остар тон и најавија контрамерки.

На крајот од тргувањето, лондонскиот FTSE индекс падна за 1,55 отсто, на 8.474 поени, додека франкфуртски DAX падна за 3,01 отсто, на 21.717 поени, а париски CAC за 3,31 отсто, на 7.598 поени.

На Волстрит најголем пад од кризата предизвикана од короната

На крајот на денот нападна беше и Вол Стрит. Индексот Dow Jones падна за 3,98 отсто, на 40.545 поени, додека S&P 500 потона за 4,84 отсто, на 5.396 поени, а индексот Nasdaq за 5,97 отсто, на 16.550 поени.

За сите три индекси, тоа е најголем дневен пад од 2020 година, кога пазарите беа во паника од пандемијата. Ова вчера избриша околу 2.400 милијарди долари од пазарната вредност на компаниите од индексот S&P 500.

Меѓу најголемите губитници беа акциите на големите технолошки компании. Цената на Apple падна за 9,2 отсто, Amazon за 9, Nvidia за речиси 8 отсто...

Тарифите на Трамп се значително повисоки од очекуваните, па аналитичарите се зафатени со работа на нови проценки за нивното влијание врз американската и светската економија. Отворени се многу прашања, вклучително и како ќе реагираат најголемите светски сили, пренесува Index.hr.

Кина и Европската унија најавија контрамерки. Јужна Кореја, Мексико, Индија и неколку други земји рекоа дека засега ќе се воздржат и ќе се обидат да преговараат.

„Сè уште има повеќе прашања отколку одговори на пазарот“, рече Стивен ДеСантис, стратег во финансиската групација Jefferies.

Индексот на страв VIX нагло порасна

Додека вчера паднаа сите главни индекси на Волстрит, само индексот на страв VIX порасна, со што ја проби бариерата од 30 поени за прв пат од август. Тоа значи дека инвеститорите се повеќе ги осигуруваат своите портфолија од можен понатамошен пад на цените на акциите.

Трамп во четвртокот рече дека е отворен за преговори.

„Администрацијата на Трамп можеби игра игра „кој прв ќе попушти“ со трговските партнери, но инвеститорите не се подготвени да го чекаат исходот. Прво ќе продаваат, а потоа ќе поставуваат прашања“, рече Мајкл Арон, стратег во State Street Global Advisors.

Поради ова, на светските берзи и во наредните денови се очекува неизвесно тргување.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката