19 Декември, 2025
0.0399

ПОМАЛО ПРОИЗВОДСТВО, ПОМАЛКУ РАБОТНИ МЕСТА: професор Петрески за Фактор: Индиректниот ефект од тарифите на Трамп врз Македонија ќе биде поголем

Објавено во: Финансии 03 Април, 2025 12:26

Добивај вести на Viber

Какво ќе биде влијанието на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп со која го зголеми царини на голем број земји во светот, меѓу кои и Македонија и како оваа одлука ќе се одрази врз нас е едно од клучните прашања сега.

Економските експерти во Македонија укажуваат дека иако можеби директната поврзаност не е толку голема и нема да има голема штета, сепак, преносните ефекти неминовно ќе ги почувствуваме сите.

Професорот од Американ колеџ, Марјан Петрески за „Фактор“ потенцира дека иако нашата трговија со САД не е многу голема, и директните ефект од царините нема да биде големи, од индиректните не можеме да избегаме.

-  Нашата трговија со САД е ограничена, главно поради географската оддалеченост. Во 2024, увозот и извозот во САД во вкупните износи на увоз и извоз учествувале со околу 1,5 отсто, што е многу мал удел. Од таа гледна точка, не треба да се прави фама околу директните ефекти од зголемените царини. Половина од извозот во 2024 се однесувал на групата машини и транспортни уреди, што претпоставувам е поврзано со работењето на странските фабрики во ТИРЗовите. Тоа не’ доведува до позначајниот можен ефект од повисоките царини, а тоа е индиректниот. 

Првиот индиректен ефект е тоа што Македонски компании, главно тие во ТИРЗовие се дел од глобалните синџири на снабдување, што подразбира дека иако тие извесуваат кон својата фирма мајка која не е во САД, понатаму фирмата-мајка може да е и изложена кон американскиот пазар. Царините ќе влијаат врз вкупната трошочна структура на фирмата-мајка, што ќе се одрази и кај нас, во негативни сценарија преку т.н. каскадни ефекти на намалено производство и работни места. Вториот индиректен ефект е, се разбира, тој од општата трговска бариера која ја подига Трамп– укажува професорот Петрески.

Тој дополнува дека ефектите од бариерата која сега ја прави Трамп допрва треба да се проценат попрецизно, но според него ваквите тектонски промени ќе донесат само негативни последици за сите инволвирани, особено затоа што САД сега го поткопува либералниот трговски систем кој сам го создаде и го предводеше со децении

-  Има една изрека која вели „ниедна нација не била срушена со трговија“, бидејќи основниот постулат на меѓународната трговија е дека вие може да добиете производ преку увоз кој инаку би ве чинело многу поскапо да го произведете сами, или за многу земји произведувањето на таквиот производ дури и би било невозможно поради ограниченоста со ресурси. Многу емпириски трудови во минатите децении покажаа позитивни ефекти од трговската интеграција и на глобално и на регионално ниво. 

Оттука, ефектите од изолацијата на САД од тој систем би биле повисоки цени, помало производство, помалку работни места. Сето тоа за нас е многу важно како глобални и европски движења, бидејќи нашата земја е исклучително трговски отворена и зависи од финансиските текови. Ако оваа политика опстои, тогаш сме сведоци на нова ера во која светската економија ќе бара некоја нова рамнотежна состојба, која според моето видување ќе биде понеповолна од таа што светот ја имаше достигнато досега– укажува Петрески.

За потсетување Трамп вчераги објавија реципрочните царински стапки на САД што ќе ги почувствуваат повеќе од 180 земји и територии според неговата нова сеопфатна трговска политика. Во графикони објавени на социјалните мрежи, Белата куќа ги прикажува ефективните царински стапки за кои тврдат дека другите земји ги наметнуваат на американските производи, вклучувајќи ги и оние преку „манипулација со валутите и трговски бариери“.

Во соседна колона се прикажани новите царински стапки што САД ќе ги наметнат на секоја земја или територија, вклучувајќи ја и Европската Унија и Македонија. Реципрочните стапки не се нужно единствените царини на САД со кои ќе се соочат овие земји.

Според пресметките на администрацијата на Трамп, Македонија има 65 отсто царини за САД, а сега се воведуваат царини од 33 отсто за македонскиот извоз во САД.

П.О.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми