05 Декември, 2025
0.0293

Фармерска Битола доби лабораторија за квалитетот на млекото

Објавено во: Агробизнис 28 Октомври, 2012 17:20

Добивај вести на Viber

Лабораторија за проверка на квалитетот на млекото се отвори во Битола, со цел сточарството да премине во професионална ориентација на македонските сточари, по Европските критериуми.
„Во овие пет години односно со субвенциите за квалитетно млеко потребни ни се вакви лаборатории.Оваа лабораторија ќе биде коректив на лабораторијата во Скопје,“ изјави министерот за земјоделие Љупчо Димовски. Лабораторијата е приватна инвестиција , а сопственикот  се одлучил да ја набави согласно потребите на сточарите во битолско. „Моја одлука беше да набавам ваква лабораторија нели од разговорите со селаните одлучив дека е потребна инвестицијата е некаде околу 230 000 евра,“ рече Владимир Димовски сопственикот на лабораторијата. Капацитетот на оваа тест станица е 50 проби на час. Новата земјоделска стратегија предвидува промена токму во делот за премијата за млеко, која што за прв пат ќе биде според квалитет. Новиот принцип ќе се применува од 2014 година кога за втора класа млеко премијата ќе биде 2,5 денари за литар, 3,5 денари за литар за прва класа и 4 денари за екстра класа. Висината на премијата ќе биде иста и во 2015 година, за веќе во 2017 година за втора класа висината ќе се на намали на 1,5 денари за литар млеко, со цел фармерите да се стимулираат да произведуваат млеко од екстра класа. Ј.С.    

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?