18 Декември, 2025
0.0623

ФАТЕНО ВОЗИЛО СО ПАРИ И ЛИСТА ЗА ПОТКУП, ПРИТИСОЦИ, ТЕЛЕФОНСКИ ВЛИЈАНИЈА: Што нотирало обвинителството за време на изборите

Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2025 20:00

Добивај вести на Viber

Се испитуваат наводи за поткуп на гласачи во Чашка и Крива Паланка, соопшти обвинителот Џељаљ Бајрами.
„ОЈО Куманово постапува за проверка на два издвоени случаи за телефонски влијанија на гласачи во Куманово и Кратово. ОЈО Скопје, известено од страна на МВР за две задржани лица во Чаир, кои одбивале да се легитимираат, како и за две фотографирања на гласачко ливче во Гази Баба, што истото е прекршок, а не кривично дело. Во Битола, по наводи за поткуп за избори постапува ОЈО Прилеп за настан во Крушево и ОЈО Охрид за настан во Охрид, при што едно возило е запрено, зошто имало индиции за лица кои вршеле поткуп при гласање. Истото возило е запрено, во возилото се најдени 30 банкноти од по 2 илјади денари и список со имиња“, рече Бајрами. 
На подрачјето на Штип нема примено писмени пријави, но по усно известување за наводен поткуп, постапува ОЈО Свети Николе, додека ОЈО Штип и ОЈО Кочани постапувале по наводи за поткуп и притисок, но тие се проверени и не се потврдени. 
ОЈО Тетово и ОЈО Кичево, по објавени информации оформиле предмети и испитуваат евентуално прекршување на изборниот молк во Кичево и Желино. ОЈО Кичево постапува и по нерегуларности при гласањето на болно и изнемоштено лице. Има и пријава против непознат сторител за фотографирање на гласачкото ливче кое се појавило и на социјалните мрежи.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија