ФАТИМЕ: „Топлик“ и „Тендери“ нови истраги на СЈО
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2016
Дви нови истраги на се СЈО „Топлик“ и „Тендери“ и во нив инволвираните сториле кривични дела со кои директно го оштетиле буџетот на РМ и грубо ги повредиле обврските од Законот за јавните набавки, информираше специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи.
„Во првата истрага која се води под името „Топлик“ постои основано сомнение дека во период од 2007 до 2013 година во , првоосочничениот раководно службено лице во Министерството за транспорт и врски и пет осомничени лица членови на Комисијата за јавни наддавања при ова МИнистерство како со извршители ја злоупотребиле службената положба и иако биле свесни дека по нивното дејствување може да настапи штетна последица се согласиле со нејзиното настапување па нанеле штета на средствата од буџетот на РМ во износ од 64 милиони 206 839 денари или еден милион и 44 илјади евра.
Катица Јанева е во УБК а прес конференцијата ја водат обвинителките Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска.