Фатмир Меџити, министер за здравство, со куќа од 875.000 евра
Објавено во: Економија 16 Мај, 2023
Фатмир Меџити, новиот министер за здравство кој на таа позиција во Владата дојде како кадровски прелдог од Алијанса за Албанците, поседува куќа од 875.000 евра, покажува анкетниот лист што го објави Државната комисија за спречување на корупција.
Куќата од 360 метри квадратни во Скопје е од 2014 а нејзината проценета вредност е 44.280.000 денари, додека дворното место од 147 метри квадратни вреди 9.040.500 денари. Според она што е наведено кај антикорупциската комисија, недвижнините се стекнати преку наследство. Покрај тоа, од личен имот Меџити има и мерцедес бенц како возило од 2008 кое сега би вредело околу 15.000 евра. Меџити минатата година подигнал и кредит од 150.000 евра. Останатиот имот во Гостивар е претежно на името на родителите на првиот човек во здравството.
Кај министерот за правда Кренар Лога нема поголеми промени во однос на анкетниот лист како поранешен член на Државната изборна комисија, додека имотната состојба на новиот министер за информатичко општество и администрација Азир Алиу се уште не е објавен. Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, кој на таа позиција дојде нешто пред коалицирањето на владеачкото мнозинство со Алијансата за Албанците, пријавил два стана од 100.000 и 50.000 евра во Скопје со големина од 64, односно 57 метри квадратни. Поранешниот градоначалник на Скопје, кој долго време после тоа не извршуваше значајна функција, има и девизен депозит од 40.000 евра во банка, а неговиот брачен другар има две куќи од 150.000 и 70.000 евра во Скопје.
Новиот заменик-министер за одбрана Тирон Јајага има куќа од 150.000 евра во Дебари и два стана во Скопје од 60.000 и 34.000 евра. Од возила, има пасат од 10.000 евра, произведен во 2011. Маја Манолева, избрана за заменик-министер за здравство, спредбено со анкетниот лист од раководењето како вршител на должност на Завод за физикална медицина и рехабилитација има стекнато стан преку наследство во меѓувреме во Охрид и основана приватна ординација „Физиоплус др Манолева“ како заеднички имот.
Кај Каја Шукова, министерката за животна средина, нема позначителни промени во однос на претходната позиција - државен секретар во истиот ресор. Кај Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик-министерката за правда, нема поголеми промени во пријавениот имотен статус од времето кога беше секретар на Град Скопје. На Вјолца Бериша, заменик-министерката за земјоделство, шумарство и водостопанство, нема се уште податоци од ДКСК.
А.К.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.