18 Декември, 2025
0.0849

ФАВЕЛИ: И во моќните економии има вакви места!

Објавено во: Свет 10 Јуни, 2014 14:50

Добивај вести на Viber

Бразил е петта најразвиена економија во светот и една од најбогатите земји во моментот, но нејзин заштитен знак освен фудбалот се сиромашните „градови-буништа“, односно фавели.

Препуштени сами на себе, бидејќи веќе со децении бразилските власти покажуваат малку грижа за сиромашните, фавелите станаа свет за себе, вистински мали држави.

Според податоците од 2011 година, дури 11,5 милиони Бразилци (околу 6% од населението) живеат во фавели какви што само во Рио де Жанеиро има 700.

До пред неколку години, со фавелите владееја исклучиво насилство и наркобосови, но т.н. пацификација и честите полициски рации покренати токму заради Светското фудбалско првенство, ги направија овие диви населби сепак малку посигурни. Но, и натаму во многу фавели едноставно е невозможно да се влезе без дозвола од „шефот“, кој обично е некој трговец со дрога.

Фавела е всушност дрво кое расте по ридовите околу Рио. Токму на тие ридови, на необработлива земја, први се населиле поранешни робови, кои немале никаков имот ниту работа. Меѓутоа првата вистинска фавела ја изградиле околу 20.000 поранешни војници кои се вратиле од војна и немале каде да живеат, па својата нова населба ја нарекле Рид Фавела.

Најголем број од фавелите настанале во 70-тите години од минатиот век, кога дошло до масовно исселување на населението од сиромашните, рурални подрачја на Бразил во градовите, особено во Рио. Со децении, фавелите биле скривалишта за сиромаштијата, а интересот на надворешниот свет го привлекувале само заради живописните бои на фасадите од штици и најевтини градежни материјали.

Но, и во нив животот се менува. Населбите од кал и гранки ги заменија бетон и тули. Повеќето фавели имаат струја и вода, но во многу уште може да се види „река од фекалии“ која тече среде населбата. Веројатно најголем напредок е видлив во Росинхае, најголемата фавела во Јужна Америка, во која според проценките живеат околу 200.000 луѓе, а има и деловни простории, банки, ресрорани, кафулиња, интернет, па дури и сопствена телевизија.

Заради огромното доселување во Рио де Жанеиро и ридовите над градот станаа пренаселени, а земјата на која се изградени овие сиромашни населби стана многу вредна. Така, на местото на фавелата Божји град (според која е направен и истоимениот филм) е изграден еден од најскапите квартови во Бразил. Во Ипанема и Леблон, квартовите познати по популарните плажи, кои во минатото биле преполни со фавели, сега останале само три. Дел од фавелите беа срамнети со земја за да се изградат објекти за претстојното Светско фудбалско првенство.

Со оглед на тоа што во фавелите не се плаќа данок, многумина се доселуваат во нив токму од оваа причина. Помирните фавели значат и поскапи недвижности. Заради доселувањето на голем број странци, многумина предвидуваат дека обновата и зголемувањето на стандардот во фавелите ќе ги натера првобитните жители да се исселат.

Зошто Бразил има толку силен фудбал? Многумина сметаат дека тоа е токму заради фавелите. Оние кои не сакаат да се плеткаат во криминал, спас бараат во спортот. Тоа е единствениот начин да побегнат од сиромаштија. Некои од најголемите великани во фудбалската историја (Пеле, Ривалдо, Роналдо, Роналдињо) пораснале на улиците на фавелите. Со својата упорност и талент тие успеале да го постигнат она што десетици илјади деца во овие населби само го сонуваат.

Главниот проблем што го попречува развојот на сиромашните во Бразил е образованието - училиштето не е задолжително, дури ниту основното! Заради тоа се проценува дека околу 70% од жителите на Бразил се неписмени или полу-писмени. Но, ако живеете во фавела тоа е помалку важно. Тие ионака се свет за себе.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел