ФАВИПИРАВИР ДА НЕ СЕ КОРИСТИ НА СВОЈА РАКА: Агенцијата зе лекови апелира лекот да се зема само на рецепт и по препорака на лекар
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2020 09:37
Агенцијата за
лекови и медицински средства која го одобри увозот на лекот Фавипиравир кој ќе
се користи за лекување на болните од корона вирусот апелира до граѓаните да не
го купуваат по сопствено убедување, туку само со рецепт и по препорака на лекар.
-Следејќи ја актуелната состојба со која се соочуваме настаната со Ковид 19, поткрепено со се почестите барањата на лекари кои се вклучени во третманот на оваа болест, за достапност на лекот, Агенцијата за лекови и медицински средства одобри увоз и достапност лекот на favipiravir за крајните корисници-пациентите. Во таа насока, сакаме да укажеме дека пациентите ќе можат да го обезбедат лекот само врз основа на рецепт и по препорака на лекар. Лекот favipiravir не е одобрен за индикација на лечење на Ковид 19, па во таа насока апелираме и ги замолуваме пациентите да не го користат овој лек по сопствено убедување, без препорака од лекар. Правилната и рационална употреба на сите лекови е во интерес на заштита на Вашето здравје. Затоа пред да земете лек, задолжително консултирајте се со Вашиот лекар кој најдобро ќе ве упати на начинот на користење и употребата на лекот, соопштува МАЛМЕД.
За начинот на кој досега се набавуваше Фавипиравир, Фактор пишуваше дека најблиските на болни од ковид го набавуваа од Косово и од Босна по цена и од 100 евра за едно кутивче. Од соговорниците на Фактор се дознава дека болните треба да испијат две дози.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




