ФБИ во паника - ИСИС може да внесе бомба во лаптоп на аеродром и никој да не забележи
Објавено во: Свет 01 Април, 2017
Разузнавачките служби на САД веруваат дека ИСИС и другите терористички организации имаат развиено иновативни начини и софистицирана опрема за криење експлозиви во лаптоп компјутери и други електронски уред кои ФБИ не би можеле да ги детикраат на скенерите при влез на терминалите на аеродромите.
Податоците кои разузнавачките служби ги добиле во последните неколку месеци, одиграа значајна улога во одлуката на администрацијата на Трамп да се забрани влез на патници кои летаат од 10 аеродроми во осум земји од Блискиот Исток и Африка, а исто така има и силни мерки за забрана за внесување лап-топ компјутери и други големи електронски уреди во авионите.
Ваквиот вид на закана ќе постави предизвик пред ФБИ да креира нови системи за детектирање и скенирање на патниците на аеродромите со цел навремено да се спречи и детектира внесување на експлозиви, а надгледувањето може да се прошири и на други земји и патници со потенцијално висок ризик.