22 Ноември, 2024
0.0402

ФЕМИЦИД ВО ШТИП: Jа удирал вонбрачната партнерка, ја турнал на подот и ја давел до смрт

Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Штипјанецот ја удирал вонбрачната партнерка, ја турнал на подот и ја давел до смрт.

Поради основано сомнение за сторено кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истрага против 33-годишен осомничен.

На 1 ноември во попладневните часови, при вршење семејно насилство, осомничениот со умисла ја лишил од живот неговата вонбрачна партнерка. Откако со жртвата се договориле да се сретнат во помошен објект на ЈП Исар, каде и претходно често се среќавале за да разговараат за проблемите во нивната врска, меѓу нив настанала расправија, по што осомничениот  физички ја нападнал. Ја удирал со тупаници, па ја фатил за вратот, ја турнал на подот и со двете раце ја притискал и давел подолго време додека жената не престанала да дава знаци на живот. Потоа самиот се пријавил во полициската станица во Штип.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, а се работи и за претходно осудувано лице, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и определи притвор за осомничениот во траење од 30 дена.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„РАДМИЛА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА, НЕ ГОРДАНА“: Спасов за именувањето на Шекеринска за заменик секретарка на НАТО

„РАДМИЛА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА, НЕ ГОРДАНА“: Спасов за именувањето на Шекеринска за заменик секретарка на НАТО

УКРАСУВАЊЕТО НА ЦЕНТАР ПОЧНА, СЕ ДОГОВАРААТ И МУЗИЧАРИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ЗАБАВУВААТ ГРАЃАНИТЕ - градоначалникот Герасимовски вели дека стартува новогодишната магија

УКРАСУВАЊЕТО НА ЦЕНТАР ПОЧНА, СЕ ДОГОВАРААТ И МУЗИЧАРИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ЗАБАВУВААТ ГРАЃАНИТЕ - градоначалникот Герасимовски вели дека стартува новогодишната магија

ОД 30 НОЕМВРИ – МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ПАТУВААТ ВО КИНА БЕЗ ВИЗИ! Има и уште една многу значајна промена

ОД 30 НОЕМВРИ – МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ПАТУВААТ ВО КИНА БЕЗ ВИЗИ! Има и уште една многу значајна промена

ЕВЕ ЈАС ЌЕ Ѝ СЕ ИЗВИНАМ НА КОЛЕШКАТА: Мојсоска со реакција за барањето на Пешевска

ЕВЕ ЈАС ЌЕ Ѝ СЕ ИЗВИНАМ НА КОЛЕШКАТА: Мојсоска со реакција за барањето на Пешевска

„СИТЕ ЛИНИИ СООБРАЌААТ, ИСТО КАКО И ПРЕТХОДНО“: директорот на ЈСП, Кушовски потврди дека нафтата пристигнува

„СИТЕ ЛИНИИ СООБРАЌААТ, ИСТО КАКО И ПРЕТХОДНО“: директорот на ЈСП, Кушовски потврди дека нафтата пристигнува

ОТВОРЕН НОВ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 48 МИЛИОНИ ЕВРА - „Подравка“ го заклучи најзначајниот инвестициски циклус

ОТВОРЕН НОВ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 48 МИЛИОНИ ЕВРА - „Подравка“ го заклучи најзначајниот инвестициски циклус

„КРИВИЧЕН ПРОГОН БИ МУ ОДГОВАРАЛ НА АПАСИЕВ, ДА МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГЛУМИ ЖРТВА“: Се огласи адвокатот Јанаки за насилството во Собрание

„КРИВИЧЕН ПРОГОН БИ МУ ОДГОВАРАЛ НА АПАСИЕВ, ДА МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГЛУМИ ЖРТВА“: Се огласи адвокатот Јанаки за насилството во Собрание

Тинејџерка усмрти жена во сообраќајка во Чаир

Тинејџерка усмрти жена во сообраќајка во Чаир