Фетаи за Фактор: Согласна сум со ставот на колегите од СЈО
Објавено во: Македонија 23 Јули, 2019 14:37
Согласна сум со ставовите на колегите од СЈО и стојам на ставот кој беше обелоденот минатата недела на прес конференцијата во Специјалното јавно обвинителство, вели за Фактор обвинителката Фатиме Фетаи. Таа се уште е на годишен одмор, но е во земјава, додека за време на тоа обраќање на обвинителката Ленче Ристовска била во странство.
И сега потврдува дека стои зад тие ставови и дека очекува истрагата побрзо да заврши. Дополнителни коментари СЈО заеднички ќе соопштува. Засега не се коментира настапот на Јанева од денеска.
Инаку Ристовска се обрати ден откако кога Катица Јанева даде оставка, а беа приведени и Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец. Обвинителката Ристовска рече дека зборува од име на сите колеги па и на отсутните кои користеле одмори а ја спомена и Фетаи. Пред медиумите апелираше за побрзо расчистување на случајот и рече дека дејствијата на поединци не ја отсликуваат работата на сите
„Стоиме зад работата што досега е завршена, ве уверувам дека сите предмети по кои се постапува се професионално водени и не се загрозени постапките. Наш примарен интерес е зачувување на интегритетот на СЈО и секогаш сме постапувале на ниво на задачата за справување со криминалот. Внимателно го следиме сите случувања и сме подеднакво загрижени, но истовремено повикуваме да се почитува презумцијата на невиност. Сите ве уверувам дека дејствијата на поединци не ги отсликуваат сите во СЈО и не смее да ги доведат под прашање интегритетот и постапките кои се видени досега, истакна Ристовска
По осум дена молк денеска во јавноста се обрати и Јанева, но зад неа го немаше тимот од обвинители. Каков сигнал праќа тоа, останува да се претпоставува. Специјалната јавна обвинителка тврдеше дека во ниту еден момент не ја злоупотребила својата позиција и ја охрабри истрагата да се расветли случајот „Рекет“ во кој на некаков начин беше инволвирана и таа. Рече дека СЈО било синоним за борбата за правда и против корупција и дека има уште десет нови истраги.
А.Т.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




