Добивај вести на Viber
5000 работници привремено ќе бидат отпуштени откако италијанскиот автомобилски гигант Фиат на 20 дена во текот на декември и јануари објави дека ќе го прекине производството на автомобилот “пунто“ во фабриката “Мелфи“ во јужна Италија. Фиат, во многу свои фабрики, испрати илјадници работници на привремен одмор во текот на оваа година, од 26-ти ноември истото ќе се случи и со фабриката “Помиглијано“ каде се произведува моделот “панда“.
Сите фабрики на Фиат во моментов работат со 50 отсто од капацитетот бидејќи компанијата оваа година се соочува со помала побарувачка на европскиот пазар, од што најмногу зависи.
Во првите десет месеци од годинава побарувачката за автомобилите на Фиат во Европа падна за 15,9 отсто, а целиот пазар на автомобили во западна Европа се намали за 7,3 отсто.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.