ФИЛИП ПЕТРОВСКИ: Мицкоски треба да си дојде на вонредниот конрес во март и да си даде отчет зошто не може да му се приближи на Заев
Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2021
Филип Петровски од ВМРО-ДМНЕ во вчерашното гостување во Само вистина на Канал 5 телевизија рече дека она штго сега се случува во неговата матична партија ВМРО-ДПМНЕ, не се превирања, туку е закажан вонреден конгрес.
„Јас сум делегат на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, нови делегати нема. Мицкоски, се разбира, побрза со својата корумпирана структура вчера да парира на тоа, но суштината е дека ВМРО-ДПМНЕ мора да отиде на конгрес за да се провери што е тоа што не чини. Ние не можеме никако овој Заев, што ги направи сите зулуми во државата, и сите проблеми, ниту да му се приближиме, ниту да го предизвикаме. Делегатите, односно сите членови на ВМРО-ДПМНЕ имаат потреба да се соберат, да поразговараме што е проблемот со партијата, и зошто партијата не може да победи во вакви услови, каде што било кој што ќе беше против Заев, требаше да победи“, вели Петровски.
На новинарското прашање дека Мицкоски, пак, за иницијаторите на конгресот вели дека се мала дружина и заробеници на Заев, Петровски со контрастав.
„Ако се овие делегати слуги на Заев, истите делагати го избраа Мицкоски во Валандово. Јас сакам да прашам дали е Мицкоски слуга на Заев. Бидејќи мене ми делува дека е слуга на Заев. Бидејќи тргнува во кампања за локални избори во Штип, па вели - се откажуваме. Прво вели ќе го прегази, па се откажува и му го остави големиот вмровски град, центарот на Источна Македонија, без битка му го даде на Заев“, се дообјасни Петровски.
Тој рече дека легитимно сака да праша - колку земаат плата од ВМРО-ДПМНЕ и дали ја сметаат партијата за приватна фирма.
Тој повикува дека на овој предвремен конгрес треба да дојде и Мицкоски.
„Треба да си даде отчет што правел. Да видиме кој е на платен список, да видиме колку пари се земени од партијата“, рече Петровски.