Филип Рикер: Има прогрес кај балканските држави во европските интеграции
Објавено во: Балкан 04 Јули, 2013
Филип Рикер, помошникот државен секретар на САД задолжен за европски и евроазиски прашања за „Радио Слободна Европа“ изјави дека има прогрес кај балканските држави во поглед на европските интеграции, но ја нагласи потребата балканските лидери да ги зајакнат напорите за понатамошен прогрес.
Рикер ја издвои Хрватска, која што беше примена во ЕУ на 1. јули, како земја што постигнала „голем напредок“.
Високиот дипломат на САД, исто така ги пофали „огромните напори“ на Србија и на Косово, кои заедно со ЕУ работат на нормализирање на меѓусебните односи.
Кога станува збор за Босна и Херцеговина, Рикер оцени дека таму„се уште има проблеми“. Тој го обвини раководството на БиХ дека „одбрало да не функционира“, но додаде дека босанските власти покажале одредена флексибилност и воља за компромис, што би можело да ја поправи состојбата.