ФИЛИПЧЕ: Денеска околу 1.000 дијагностицирани, 10 отсто од заразените и хоспитализираните се вакцинирани, но вакцината за 20 пати го намалува ризикот од смртен исход
Објавено во: Македонија 18 Август, 2021 12:10
Денеска има околу 1.000 нови дијагностицирани заразени од коронавирусот во земјава, потврди министерот за здравство Венко Филипче.
Вчера било целосно ставено во фунција ковид одделението на ГОБ 8 септември, каде има уште слободни кревети, но се обезбедува дополнително слободен простор во делот на интензивната нега.
„Од вчера во попладневните часови целосно во функција се стави и Модуларната болница до инфективната клиника. Тука обезбедивме екстра кадар од другите клиники и дел од инфективната клиника, пред се сестри и помошен персонал. Тоа е болниоца со 60-70 легла. Подготвен е и центарот за рехабилитација во Козле, сите имаат довод на кислород. Притисокот во Болницата во Тетово беше нешто спласнат“, рече Филипче.
Министерорт за здравство Венко Филипче денеска повтори дека вакцинацијата е најдобар начин да се заштитат граѓаните од коронавирусот, и тоа не само кај нас, тку и во светот.
Тоа го покажуваат и статистиките направени кај заразените од ковид 19.
„Десет отсто од сите дијагностицирани случаи на ковид во земјава се вакцинирани, и исто така 10 отсто од хоспитализираните се исто така вакцинирани. Но, она што е за нас најбитно е дека во храдиовите во земјава, како што е на пример Охрид, каде е висок процентот на вакцинација, е најмал бројот на хоспитализираните. Исто така, битно е што од сите вакцинирани граѓани во земјава, а таа бројка вчера достигна дури 600 илјади, многу мал процент, само 0,002 отсто се заразиле со корона вирусот, што значи вакцинираните далеку помалку се заразуваат. И, докажано е дека вакцината за дури 20 пати го намалува ризикот од смртен исход од болеста“, потенцира министерот за здравство.
Тој нагласи дека вакцинацвијата е единствен механизам на заштита од ширењето на вирисот.
Технички прашања и недореченост со новите владини мерки ќе има и натаму, но тие во од ќе се решаваат, нагласи Филипче.
Целта е мерките да важат и на местата на отворено и на затворено, односно секаде каде се собираат голем број луѓе и каде што има можност за најголема трансмисија на вирусот.
Препораката е сите што го прележале вирусот да се вакцинираат откако ќе поминат 30 дена по прележаноста на болеста.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




