Филипче до Мицкоски: Минималната плата во Албанија се зголемува на 520 евра
Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2025 22:22
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, во Македонски Брод, нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една политика, ниту проект за развој на економијата, што е доказ за нивната безидејност и незаинтересираност.
„Трет ден е од почетокот на кампањата, јас полоша кампања на ВМРО-ДПМНЕ не сум видел. Но јасно е зошто е така. Безидејноста доаѓа од фактот што немаат што да кажат. Што да каже ВМРО-ДПМНЕ? Со што да се пофали? Нема ништо, нема ниту еден проект, ниту една политика во интерес на граѓаните. Економијата потона, граѓаните потешко живеат,“ рече Филипче.
Во обраќањето пред граѓаните, Филипче посочи дека економската реалност е далеку од розова и дека граѓаните го чувствуваат тоа секојдневно.
„Ова е факт, ова не е нешто што може Мицкоски преку неговите мегафони да го спинува. Сите знаат колку пари имаат во џебот, а секој ден се потешко се живее. Платата не стига ниту за првите две недели од месецот, граѓаните бираат дали да купат храна, дали да платат сметки.Растат разликите меѓу сиромашните и богатите, типично вмровски, минималната плата не ја качуваат“ рече Филипче.
Тој додаде дека земјите се движат напред, додека Македонија со актуелната власт стагнира во секоја област.
„Албанија ја покачува минимална плата на 520 евра, ама за Мицкоски 400 евра биле доволно. Земјоделството го урнисаа, сите сектори во земјоделството имаат полоши приходи, секој земјоделец има помалку приход“, рече Филипче.
Поради тоа што нема со што да се пофалат, како што кажа Филипче, ВМРО-ДПМНЕ се занимава со сензационализам и спинови за опозицијата.
„И сега ВМРО ДПМНЕ немаат со што да се пофалат па се бават со опозицијата. Кој со кого коалицирал, кој со кого се договарал. Се прашувам, нели ви е срам? Вас ве избраа луѓето да ги решавате проблемите, не да расправате кафански муабети од прес-конференции. Срамно е колку ниско се паднати, но тоа е за очекување – резултати немаат“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




