Филипче и Сугарески денеска „ќе го скенираат“ скопскиот аеродром
Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2020 08:26
Венко Филипче и Горан Сугарески - министрите за здравство и за транспорт и врски, денеска ќе го посетат скопскиот аеродром во пресрет на најавеното отворање на 1 јули. Двата аеродороми во Македонија не работат од 16, односно 19 март, како дел од мерките за спречување на влез и ширење на ковид-19.
Министрите на Меѓународниот аеродром - Скопје предвидено е да остварат средби со менаџментот на ТАВ Македонија. Посетата на операторот доаѓа по владината одлука двата аеродороми да се отворат за патнички сообраќај в среда.
Истите ќе работат според протоколи со строги правила, меѓу кои и тоа дека патниците ќе треба да пристигнат на аеродромот најмалку три часа пред нивниот лет, да носат заштитна маска постојано, да одржуваат физичко растојание и висок степен на лична хигиена.
Од 26 јуни Македонија враќањето во Македонија е безусловно, односно без потреба да се покаже негатоивен ПЦР-тест и да се оди во задолжотелна самоизолација.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




