Филипче ќе бара решение како работниците без тест да се вратат на работа
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 27 Март, 2020
Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција одговори како може да се избегнат извесни проблеми кои се однесуваат на вработените кои до сега биле во домашна изолација, а кои треба да се вратат на работа.
На многумина од нив, компаниите им бараат да донесат потврда дека направиле тест за коронавирусот, кој треба да покаже дека се негативни, но матичните лекари не може да им закажат тестирање, бидејќи, тие не исполнуваат ниту еден од критериумите кои се наведени во епидемиолошката анкета и системот авотматски ги одбива. Во однос на ова, министерот Филипче одговори:
-Во смисла на известување можеме да го официјализираме ставот на Комисијата за заразни болести, поткрепен со соодветно стручно мислење и тоа да биде дистрибуирано до секоја институција кај нас во државата, со цел да се избегнат вакви проблеми, изјави министерот Филипче.
А.Б.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.