19 Декември, 2025
0.0460

Работодавците им бараат потврди, матичните лекари не може да им закажат тестирање

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 26 Март, 2020 07:20

Добивај вести на Viber

Расте загриженоста кај луѓето се повеќе, исплашени се од ширење на вирусот и бараат од матичните лекари да им закажат тестирање за коронавирусот, велат од неколку ординации. Матичните лекари како посебен проблем ја издвоија неможноста да закажат тестирање на луѓето кои се во изолација, а кои според клиничката слика се здрави и треба да појдат на работа.

-Нешто за што веднаш мора да се најде решение е како да им се закаже тестирање на пациентите кои се во изолација. Тие не исполнуваат ниту еден параметар од епидемиолошката анкета што ја правиме. На пример, имам пациент кој е во изолација, заради тоа што децата му се вратиле од странство. Нема никакви симптоми на болеста, и веќе треба да тргне на работа. Но, побара да биде тестиран со објаснување дека, работодавецот му побарал потврда со која ќе докаже дека е негативен на коронавирусот, ни посочија од ПЗУ „Прама медика“.

Појаснуваат дека бројот на лицата од понеделникот наваму се зголемил, посебно откако, владата ја воведе мерката матичните лекари да може да закажуваат термини за тестирање од коронавирусот.

Од ординацијата „Мастеса Медика“ за Фактор изјавија дека дури сега бројот на пациенти со коронавирус може да се зголеми нагло.

-Луѓето до сега молчеа и не кажуваа дека биле во странство во изминатите недели или дека можеби имале контакт со лица за кои тестовите покажаа дека се позитивни. На пример, имам пациент кој на 13 март се вратил од Израел преку Солун, и тогаш не кажал за патувањето, сега ми побара да се тестира. Од понеделникот наваму, постојано ѕвони телефонот во ординација. Дел од моите пациенти бараат да им закажам тестирање. Некои од нив се пожалија на блага температура, вели д-р. Македонка Попова Спасевска.

Но, како што вели д-р. Спасевска, епидемилошкиот прашалник е многу конкретен. Пациентите кои се упатуваат на тестирање мора да исполнуваат некои од критериумите: (сува кашлица, отежнато дишење, повишена температура....). Постојат и други услови, додава д-р. Спасевска, и како што рече, ако пациентот не исполнува некој од наведените критериуми, системот не дозволува да се закаже тестирање.

Истовремено, д-р. Ана Палева Стојаноска потврди дека е зголемен бројот на пациентите кои инсистираат на тестирања, и посочи дека во текот на неделава, најголемиот број од нејзините пациенти се со проблеми на горните дишни патишта. Секако, вели таа, според епидемиолошкиот прашалник некому закажала тестирање, но има и пациенти кои не може да влезат во системот бидејќи не ги исполнуваат условите.

Унаку, матичните лекари апелираат до граѓаните, на своја рака да не земаат антибиотици и да не прават залихи од лекови. Велат дека не е добро витамини да се пијат на своја рака, а камо ли антибиотици. 

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината