10 Декември, 2025
0.0370

СУДЕЊЕТО ПОЧНА СО ОДБРАНАТА НА ШАБАН САЛИУ: Продолжува судењето за пожсрот во „Пулс“ во Кочани

Објавено во: Македонија 10 Декември, 2025 10:27

Добивај вести на Viber


Со воведни зборови на одбранат денеска во судницата во Идризово продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Денешното рочиште продолжува си воведни зборови на одбраната на 18-то обвинетиот Шабан Салиу, како директор ДЗС, откако на минатото одбраната на дел од обвинетите  ја оспори обвинителната постапка, оценувајќи ја како нецелосна и без конкретни докази за индивидуални дејствија. 


Случајот, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, се води под засилени безбедносни мерки, со присуство на обвинетите, роднини на жртвите и бројни новинари. 

Досега воведен збор, покрај обвинителството, даде одбраната на првообвинетиот сопственикот на дискотеката Дејан Јованов, сопственик на ММММ Кафе, Митко Стојанов, обезбедувачот Стојанчо Димитриев и Гроздан Милковски, сопственик на објектот. Дел од обвинетите во воведните говори, ја оспорија основаноста на обвинението. 

Воведен збор имаше и одбраната на поранешниот градоначалник Ратко Димитровски која истакна дека обвинението претставува преседан во правната практика, особено во делот на утврдување на причинско-последична врска. Според нив, тој не само што немал намера или умисла, туку бил единствениот кој реагирал и поднел барање за неиздавање дозвола за работа на дискотека или кабаре уште пред објектот да започне со работа.

Одбраната на поранешните градоначалници Николчо Илијев и Љупчо Папазов нагласи дека постапката се води врз основа на нецелосна истрага и без обезбедени факти кои директно ги поврзуваат со катастрофата. Бранителите посочија дека нивните клиенти постапувале согласно закон и прописи, дека одговорноста за надзор и регулатива е во надлежност на стручните служби, и дека неправедна осуда би претставувала „втора трагедија“.

Додека, одбраната на обвинетите градежни инспектори во случајот „Пулс“ во воведните говори од денешното судење нагласија дека „причината за трагедијата не е поради градежни пропусти на структурата на објектот“ и дека инспекторите „не можеле да постапат бидејќи немало пријава или наредба за инспекциски надзор“. Сите изразија жалење и сочувство на семејствата на починатите лица.

Одбраната на обвинетите од обезбедувањето оцени дека обвинението е неосновано, без конкретни докази и изградено врз хаотични претпоставки. Адвокатите нагласија дека дел од обвинетите имале ограничени задачи и не можеле да спречат внес на пиротехника, а како клучни причини за трагедијата посочија институционални пропусти и недостиг на надзор.

Преостанува уште воведниот збор од својата одбрана да ја дадат поранешните директори на ДЗС, меѓу кои Шабан Салиу, Аднан Џаферовски, Беким Максути и Џевад Селами, како и генералниот инспектор во ДЗС - Љупчо Грнчиштанов.

Потоа поранешните министри Ваљон Сараќини и Крешник Бектеши, како и претставници од Министерството за економија меѓу кои Џеваир Камбери, Шефкет Хазари, Зоран Николовски, Беким Хаџиу, Арлинда Касапи и Размена Чекиќ Дуровиќ.

Воведен збор треба да дадат и пазарните инспектори Миле Ампов, Блашка Евтимова, Весна Кузмановска и Емил Митев, а преостанува и воведниот збор на обвинетиот Александар Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“ чија постапка беше споена со оваа непосредно пред почетокот на судењето.

Обвинителството, застапувано од тим од 15 јавни обвинители, најави дека доказите ќе покажат оти клубот „Пулс“ бил смртоносна стапица уште од самиот почеток, резултат на систематска негрижа и институционални пропусти.

На обвинителна клупа се 37 лица – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедувачи и државни службеници.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Дали СДСМ „залута“ во мигрантската приказна и имаме ли причини за страв?

Дали СДСМ „залута“ во мигрантската приказна и имаме ли причини за страв?

Салиу: Обвинението против мене за „Пулс“ е монтажна и поради политички игри

Салиу: Обвинението против мене за „Пулс“ е монтажна и поради политички игри

Филипче: Ќе поднесеме Резолуција да го сопреме носењето мигранти, ако не се прифати, ќе повикаме на протест

Филипче: Ќе поднесеме Резолуција да го сопреме носењето мигранти, ако не се прифати, ќе повикаме на протест

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ бара внимание со невистини, мигранти нема да има

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ бара внимание со невистини, мигранти нема да има

Жерновски: Mигрантите ќе се движат слободно низ државата

Жерновски: Mигрантите ќе се движат слободно низ државата

ПОВТОРНО БЛОКАДА ВО ГРЦИЈА: Еве кој период ќе бидат затворени граничните премини

ПОВТОРНО БЛОКАДА ВО ГРЦИЈА: Еве кој период ќе бидат затворени граничните премини

Кацарска: Кој го намести Мицкоски за изјавите за пензиите?

Кацарска: Кој го намести Мицкоски за изјавите за пензиите?

Денеска продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ во Кочани

Денеска продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ во Кочани

ВО МИНАТОТО МАКЕДОНСКОТО ДОМАЌИНСТВО ВО ПРОСЕК БРОЕЛО 5, А ДЕНЕС 3 ЧЛЕНА: Ова е податок што треба да нѐ загрижува

ВО МИНАТОТО МАКЕДОНСКОТО ДОМАЌИНСТВО ВО ПРОСЕК БРОЕЛО 5, А ДЕНЕС 3 ЧЛЕНА: Ова е податок што треба да нѐ загрижува