25 Ноември, 2024
0.0258

Филипче: Матичните лекари денеска и утре ќе ги повикуваат граѓаните над 75 години, ги уверувам дека АстраЗенека е безбедна, ќе може да се бира кога ќе стигнат другите вакцини

Објавено во: Македонија 29 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Вакцинацијата почнува во среда, а околу 20 илјади граѓани кои имаат над 75 години ќе се вакцинираат со вакцините на АстраЗенека кои вчера пристигнаа во земјава. 

„Денеска се завршуваат сите административни работи во Агенцијата за лекови во однос на дозволата за вакцините од АстраЗенека кои пристигнаа во земјава, да бидат пуштени во употреба. Денеска и утре тие ќе се дистрибуираат во сите градови во земјава и во среда ќе почне прлоцесот онака како што најавивме. Дваесет илјади граѓани кои се пријавија и се на возраст од над 75 години во текот на денешниот и утрешниот ден ќе добијат термини преку матичните лекари, зависно од местото на живеење, во кој пункт, и во кое точно време, од среда натаму да се јават на вакцинација. Разговараме со повеќе заинтересирани институции, постепено се генерираат и други списоци, за да понатаму, во текот на месцот бидеме спремни да и други категории граѓани се вклучат во процесот“, рече министерот за здравство Венко Филипче. 

Според него, постарите лица мора да бидат повикани од матичните лекари, бидејќи пред вакцинацијата ќе мора прво да се процени нивната здравствена состојба.

На прашањето дали ако некој ја одбие АстраЗенека може да добие друга вакцина, Филипче рече дека тоа може да се направи кога ќе дојдат и другите вакцини и ќе има избор, но ги уверува сите дека АстраЗенека е безбедна. 

Масовната имунизација ќе биде и преку големиот пункт во спортската сала Борис Трајковски, а утрешниот ден почнуваат подготовките и во текот на неделата ќе биде целосно спремен. Таму ќе има 30-тина позиции, каде лекари и сестри од Здравствениот дом ќе ја спроведуваат вакцинацијата. 

Според најавите од кинеската Амбасада, како што рече Филипче, тие интензивно работат во делот на обезбедување на точниот датум на транспорт на нивните вакцини.  Компанијата Фајзер, пак, го потврдила одговорот и во петокот стигнала потврда дека оваа недела треба да се потпишат договорите со земја челнка на ЕУ и тоа е повторно со компанијата Фајзер.

„Април ќе биде месец кога очекуваме вакцините да стигнат од повеќе места и после оваа приоритетна група граѓани над 65 години и други граѓани да се повикаат и да бидат вакцинирани“, рече Филипче.

Филипче рече дека нема да се вакцинира ниту со оваа тура на вакцини, бидејќи, како што вели ќе им даде приоритет на повозрасните лица. Министерот уверува дека вакцината на Астра зенека е безбедна и нема никакви контраиндикации и дека кога ќе дојде ред да се вакцинира и тој ќе ја прими истата вакцина.

„Граѓаните втората доза од Астра зенека ќе ја примат за три месеци и за ревакцинацијата ќе има обезбедено вакцини. Ве уверувам дека апсолутно нема никакви контраиндикации кај било кој граѓанин. Јас нема да се вакцинирам сега и ќе почекам да биде набавена поголема доза. Но, кога ќе дојдам на ред ќе се вакцинирам со Астра зенека за да покажам дека вакцините се безбедни“, рече министерот.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа